Женска репрезентација до 19 години: Минимален пораз и сигурна победа во пријателскиот двомеч со Кипар

Објавено на 21 Септември, 2018 во До 19 год жени


По минималниот пораз во првиот натпревар, во вториот пријателски натпревар на  женските селекци до 19 години на Македонија и Кипар одигран на 21.09.2018 год. на ФФМ тренинг центарот,  нашите фудбалерки победија со убедливи 5-1.

За разлика од првиот натпревар одигран на 19.09.2018 на стадионот на Македонија Ѓорче Петров, каде не беа реализирани многу шанси и на крај минимално бевме поразени, во вториот пак од почеток се виде желбата и одлучноста на фудбалерките на селекторот Астрит Мерко за да се покажат како доминантни.

Уште во 5. минута од натпреварот Македонија имаше водство од 1-0 со голот на  Ѓорѓиевска која успеа да и донесе почетна радост на нашата репрезентација. Во 13. минута веќе беше 2-0 за Македонија со погодокот на  Димоска.

Кипар успеа во 33. минута да ја намали предноста на Македонија на 2-1 со погодок реализиран од страна на фудбалерката со број 3. Со овој резултат заврши и првиот дел од натпреварот.

Во вториот дел нашиот селектор ги внесе во игра фудбалерките со број 11 Дервиши и со број 9 Живиќ кои беа кобни за Кипарците.

Најпрвин при асистенција на Живиќ, Дервиши погоди за 3-1 во 53. минута , а две минути подоцна втор погодок на Дервиши за 4-1. Точка на овој натпревар стави Белистојаноска која во 57. минута погоди за 5-1.

Треба да се напомене дека од 64. минута нашата репрезентација играше со играч помалку по добиениот втор жолт картон на нашата фудбалерка со број 4 Далчевска.

Состав-1  Речи Суарта,  17 Оломани Кренаре, 3 Ѓорѓиоска Теодора(Капитен), 4 Далчевска Валентина, 5 Ѓорѓиевска Јована, 6 Положани Синдис, 14 Петровска Теодора, 8 Белистојаноска Марија,  16 Чонева Радица, 10 Димоска Теодора и со број 15 Николова Ивана.

Во игра влегоа и -12 Самарџиеска Лина, 13 Митреска Сања, 7 Костеска Надица, 11 Дервиши Рабија, 9 Живиќ Јулија, 2 Гегова Драгана, 19 Николовска Христина и  20 Амити Ениса.



   
   
Актуелности

16.04.2024    Вести

ФФМ и федерациите од регионот со безусловна поддршка за Александар Чеферин

На регионален состанок во Тирана, асоцијациите од Југоисточна Европа дискутираа за различни прашања и предизвици. Безусл...

Календар
А репрезентација