Женска А репрезентација на Македонија убедливо поразена од Англија

Објавено на 08 Април, 2022 во Вести, А репрезентација жени


Женската А репрезентација на Македонија беше убедливо поразена од фаворитот Англија во меч од квалификациите за пласман на СП во Австралија и Нов Зеланд 2023.

Топ фаворитот во групата Д, репрезентацијата на Англија комплетно не надигра, на крајот славеше победа со 10:0.

Мед успеа да постигне 4 гола на денешната средба во 6, 12, 47 и 53 минута. Тун запиша хет трик, Стенвеј се запиша на два пати во листата на стрелци, а еден погодок постигна Вајт.




   
   
А репрезентација