Закажан семинарот за Национална „Ц“ тренерска лиценца

Објавено на 15 Ноември, 2016 во Вести, Семинари


Центарот за Едукација при Фудбалска федерација на Македонија го закажа одржувањето на семинарот за добивање на Национална Ц тренерска лиценца. Семинарот ќе се одржи од 22 – 24 Ноември 2016 во хотел Континентал – Скопје и на ФФМ Тренинг Центарот Петар Милошевски.

Почетокот на семинарот закажан на 22-ри Ноември 2016  е во 12:00 часот а сите пријавени кандидати треба да пристигнат најдоцна до 11:30 часот поради пријавување и пополнување евиденциски листови.

На 23-ти и 24-ти ноември 2016, програмата започнува во 09:00 часот во хотел Континентал а продолжува на ФФМ – Тренинг Центарот Петар Милошевски и завршува во 17:30 часот.

На семинарот со теоретски предавања ќе има презентации од областа на фудбалски игри на скратен простор, фудбал 8, спортска психологија кај млади фудбалери, сензитивни зони на тренинг кај млади фудбалери, улога на тренерот во детски лиги и развој на млади фудбалери, исто така презентација ќе има и Оливие Доља од УЕФА кој е одговорен за спроведување на УЕФА програмата за фудбалски академи за млади фудбалери .

Присуството на овој семинар е задолжително за сите пријавени кандидати.

Со почит,

Центар за едукација




   
   
А репрезентација