Времеплов

Објавено на 09 Јуни, 2014 во Времеплов


Историја на фудбалот во Македонија

• Почетоците на фудбалската игра во Македонија датираат од 19-тиот век.

• Првиот официјален натпревар е одигран на 20 април 1919 година меќу селекцијата на англиската војска и младински тим од Скопје.

• Во чест на тој натпревар и како спомен за него, како и по повод – 70 години фудбал во Македонија, во 1979 година беше подигнат споменик.

• „Вардар“ од Скопје е првиот регистриран фудбалски клуб во 1912 година.

• За време на Втората светска војна, селекцијата на македонските клубови играше против селекцијата на германската и на бугарската армија. Многу македонски играчи биле и дел од бугарскиот национален тим.

• Во 1945 година, веднаш позавршувањето на Втората светска војна, оформен е првиот фудбалски оддел во скопското спортско здружение, под претседателство на Густав Влахов. Фудбалската секција е одвоена на 16 август 1948 година и формиран е Фудбалскиот сојуз на Македонија, на 14 август 1949 година, како дел од Фудбалскиот сојуз на Југославија, се до 1991 година, кога Македонија прогласува независност.

• Во 1994 година, Македонија стана полноправна членка на ФИФА и на УЕФА.




   
   
Актуелности

27.03.2024    А репрезентација - Вести

„Анталија Куп 2024

Младата репрезентација на Македонија до 18 години одигра нов добар натпревар и ја забележа втората победа во рамките на ...

Календар
А репрезентација