Висар Муслиу: Тактички и физички мора да бидеме на највисоко ниво

Објавено на 05 Септември, 2023 во Вести, Вести


Македонската А репрезентација ги продолжува подготовките за септемвриските натпревари од квалификациите за ЕП 2024 против Италија (09.09.) и Малта (12.09.). 

Своите очекувања од натпреварот со европскиот првак, Италија ги сподели дефанзивецот, Висар Муслиу. 

- Сакаме да се покажеме во најдобро светло, за разлика од последните натпревари. Мора да бидеме на високо ниво и тактички и физички. Италија секако има план за натпреварот, ние исто така. Страв нормално дека не постои, не играме прв пат против европскиот првак. Дуелите против Украина и Англија треба да ги заборавиме, повеќе боли мечот со Украина, отколку тој во Англија, но тоа е веќе минато. Мора да гледаме напред. 




   
   
А репрезентација