Објавено на 21 Мај, 2025 во Вести
Фудбалскиот клуб Вардар е новиот освојувач на Купот на Македонија, откако денеска во финалниот натпревар, славеше сосема залужена победа со 2:0 над Струга Трим Лум во 32 финале од најмасовното натпреварување.
Во 26. минута Вардар поведе со 1:0. Одличниот продор и центаршут на Јанкулов го искористи Талевски и успеа да го доведе својот тим во предност. Донгмо имаше добра прилика да ја зголеми предноста на својот тим, но немаше среќа, погодувајќи ја стативата.
Во продолжението Вардар преку Михаил Талевски, во 49. минута ја зголеми предноста и го реши прашањето на противникот.
Вардар - Струга Трим Лум
Вардар: Давор Талески, Михаил Маневски, Мислав Матиќ, Јордан Данел Догмо, Азер Омерагиќ, Горан Закраиќ, Михаил Талевски, Георгие Јанкулов, Димитар Тодоровски, Сенхор Фаустин, Немања Босанчиќ;
Струга Трим Лум; Ведран Кјосевски, Никола Влајковиќ, Бојан Илиевски, Бесмир Бојку, Буњамин Шабани, Марјан Радески, Бесарт Кривањева, Ард Касами, Хамза Мемтриза, Хоган Еффионг Укпа, Сава Радиќ;