Утврдени цените за натпреварот меѓу А репрезентациите на Македонија и Австралија

Објавено на 04 Март, 2015 во Билети, Вести

Фудбалската Федерација на Македонија ги утврди цените на билетите за натпреварот меѓу А репрезентациите на Македонија и Австралија на 30. март на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје.

Фудбалската федерација на Македонија овозможува бесплатен влез на Источната трибина (блок 6, 7, 8, 9, 10, 11 и 12) за ученици од прво до деветто одделение, за деца без родители и од социјално ранливи категории и за сите фудбалери од пионерска, кадетска и младинска конкуренција за натпреварот Македонија – Австралија.

Цените на влезници за Северна трибина: Блок 13, 14, 18 и 19 – 100.оо денари; Блок 15, 17, 20 и 24 – 200.оо денари; Блок 21 и 23 – 250,оо денари;

Цените на влезници за Јужната трибина: Блок 1, 2, 5 и 6 – 100.оо денари; Блок 3 и 4 – 150.оо денари; Централен дел (поранешен ВИП) - 250.оо денари

Цените на влезници за Западна трибина: Блок 25, 26, 27, 28, 29 и 30 – цена од 50 денари.




   
   
А репрезентација