УЕФА развоен турнир во Скопје: Македонија против Израел, Романија и Лихтенштајн

Објавено на 13 Април, 2017 во Вести, До 17 год


Фудбалската федерација на Македонија од 18. до 23. април е организатор на УЕФА развоен турнир за репрезентации до 16 години. Покрај нашата селекција на турнирот кој го организираме на тренинг центарот „Петар Милошевски“ ќе учествуваат и репрезентациите на Романија, Израел и Лихтенштајн.

Горан Станиќ ја предводи репрезентацијата на Македонија до 16 години, а за овој турнир ќе смета на следните фудбалери:

ГОЛМАНИ: Димитрија Герасимовски (Њу Старс), Матеј Андов (Вардар); ОДБРАНА: Божидар Митревски (Работнички), Ване Тасевски (Сасуоло, Италија), Диме Тодоровски (Работнички), Кристијан Трпчевски (Њу Старс), Борис Јакимовски (Работнички), Ален Личина (Работнички); СРЕДЕН РЕД: Емил Скоко (Македонија Ѓ.П.), Христијан Стојановски (Работнички), Бојан Димовски (Вардар), Кире Трпчевски (Њу Старс), Џемал Ибизи (Металург), Куш-трим Таири ( Шкендија), Агон Елези (Шкупи), Влада Новевски (Војводина), Бесир Бефтијари (Теплице, Чешка), Амар Колашинац (Олимпија, Словенија); НАПАД: Давид Тошевски (Работнички), Ариф Ибраим (Академија Пандев);

-Развојниот турнир е нова прилика за докажување и увид во квалитетите на повиканите фудбалери. Овој турнир ќе го искористиме како подготовка за октомвриските квалификации за пласман во елитната фаза на УЕФА. За мене е многу важно да видам како ќе изгледа тимот на овие три натпревари против Израел, Романија и Лихтенштајн бидејќи се друго до октомври ќе биде надополнување и финална подготовка за квалификациските дуели против Словачка, БиХ и Молдавија. На претстојниот развоен турнир Израел е фаворит за првото место, многу поквалитетна репрезентација од Романија и Лихтенштајн, но ние сме домаќини и ќе се обидеме да се надигруваме со сите, истакна селекторот на Македонија до 16 години, Горан Станиќ.

Првиот натпревар Македонија до 16 години го игра на 19. април во 15:30 часот против селекцијата на Лихтенштајн.




   
   
Актуелности

27.03.2024    А репрезентација - Вести

„Анталија Куп 2024

Младата репрезентација на Македонија до 18 години одигра нов добар натпревар и ја забележа втората победа во рамките на ...

Календар
А репрезентација