УЕФА А Диплома за тренери на голмани одобрена од ЈИРА Панелот на УЕФА

Објавено на 22 Август, 2019 во Вести, Семинари


Фудбалската Федерација на Македонија преку својот Центар за Едукација на тренери оствари уште еден успех во својата работа со добивањето на ратификацијата за издавање на дипломи за тренери на голмани со логото на УЕФА. Почнувајќи во 2016 година со првиот курс за Национална Б лиценца од кој подоцна произлегоа кандидати за отпочнување на првиот курс за УЕФА А Диплома (2017 – 2018) за тренери на голмани, Центарот за едукација заедно со менторите од УЕФА Г-дин Ватрослав Михачич и Г-дин Јан Ерик Синесен ја спроведоа во целост предвидената програма исполнувајќи ги сите потребни стандарди за ова ниво. Потоа беа спроведени и вкупно шест испити со кандидати од групата кои беа под мониторинг на УЕФА менторите, пред кои кандидатите успешно ја презентираа работата на тренерите на голмани.

Пред започнување на спроведувањето на оваа програма, Центарот за едукација на ФФМ, а преку УЕФА работилници остручи три ментори за тренери на голмани - Мицевски Зоран, Суат Зендели и Целески Данчо, кои заедно со Небојша Марковски и Марио Ѓурчиновски успешно беа инволвирани во процесот на организација и спроведување на наставата, стажирањето на кандидатите, нивна подготовка за практично-теоретски испит и членови на комисија при одржување на испитот.

По завршување на целокупната програма, УЕФА менторите поднесоа позитивен извештај до ЈИРА панелот на УЕФА кој на својот состанок во Болоња го потврди членството на ФФМ за издавање на УЕФА А Дипломи за тренери на голмани по што УЕФА и официјално ја извести федерацијата дека има полноправо да ги издава овие дипломи.

Центарот за едукација на ФФМ се заблагодарува на сите ментори, тренери и инструктори кои учествуваа во остварување на оваа стратешка цел со која на тренерите на голмани ќе им се даде поголема компетентност и важност.




   
   
Актуелности

10.09.2019    Вести

Македонската репрезентација до 21 година со убедлива победа против Фарски Острови ги отвори квалификациите за ЕП 2021

Селекцијата на Благоја Милевски славеше со 7:1, хет - трик на Димитар Митровски....

Календар

01 Окт

11:00 Романија - Словачка
    Жени У19 квалификации за Европско
15:30 Франција - Македонија
    Жени У19 квалификации за Европско

02 Окт

15:00 Македонија - Казахстан
    Женска А репрезентација квалификации за Европско

04 Окт

11:00 Франција - Романија
    Жени У19 квалификации за Европско
15:30 Словачка - Македонија
    Жени У19 квалификации за Европско

05 Окт

15:00 Македонија - Србија
    Женска А репрезентација квалификации за Европско

07 Окт

11:00 Словачка - Франција
    Жени У19 квалификации за Европско
15:00 Македонија - Романија
    Жени У19 квалификации за Европско
17:00 Црна Гора - Македонија
    У21 квалификации за Европско
20:45 Македонија - Словенија
    А репрезентација квалификации за Европско
А репрезентација