У21: Победа над Катар во пријателскиот натпревар

Објавено на 27 Мај, 2014 во До 21 год

На стадионот на германскиот бундеслигаш Алеманија Ахен пред околу 100-ина гледачи, Македонската Репрезентација до 21 година ја совладата репрезентацијата на Катар до 22 години со резултат 0:1.

Во натпревар во кој доминиравме во текот на целиот натпревар и имавме неколку добри ситуации за гол, како Дамчевски со глава по корнерот на Николов во 33 мин, ударот на Велковски од 25 метри во 60 мин, неколку добри акции на Ашковски, Маркоски, Симоновски, Блажевски во кои во завршницата не бевме доволно вешти за да реализираме.

Сите кои денес настапија за Македонија одиграа на одлично ниво и сосема заслужено ја победија незгодната репрезентација на Катар која играше доста агресивно и на моменти остро, што резултираше со помала повреда на Зајков во 89 минута која го спречи да се оди за Рим и да се приклучи на А репрезентацијата која во петок исто така игра со Катар.

Стрелец на голот во 51 мин на натпреварот беше Симоновски кој доби топка од Блажевски и од 17-18 метри од косо шутираше во спротивниот агол на голот и постигна ефектен погодок

За Македонија денес настапија: Димитриевски, Тошевски, Дамчевски, Талевски, Ашковски (кап.), Николов, Блажевски, Велковски, Маркоски, Симоновски и Ѓурѓевиќ.

Во второто полувреме играа и: Петрески, Зајков, Радевски, Бојку, Адили, Стојановски.




   
   
А репрезентација