У19: Нерешено на дуелот против Босна и Херцеговина

Објавено на 10 Октомври, 2014 во До 19 год


Младата репрезентација на Македонија го одигра вториот натпревар од групата 12 во рамките на турнирот за квалификации во елитната фаза за Европското првенство до 19 година против соодветната селекција на Босна и Херцеговина. На теренот во „ Куќата на фудбалот" нашата репрезентација одигра нерешено 1-1. Македонија одлично го започна мечот и уште во 5 минута имавме прекрасна прилика за гол. Кочовски Валентин се најде во одлична ситуација сам пред противничкиот голман непречен од никој, но не успеа да погоди. Подобрата игра ја крунисавме со гол во 33 минута. Стрелец на голот беше Крезич Даниел. Нашата радост траеше кратко. Со голот на Радовац Самир босанската репрезентација го израмни резултатот. Воедно тоа беше и конечниот резултат од оваа средба. Во вториот дел и двете репрезентации имаа  по неколку изгледни шанси за гол.

„Рамноправен натревар во кој двете селекции имаа свои шанси. Победата ја испуштивме во првите трисетина минути кога не релизиравме од добри позиции. Сега останува да ја чекаме разврската од последниот натреварувачки ден кога играме со Лихтенштајн, а Босна и Херцеговина финишира против Франција. Малку сме заморни од двата тешки натревари, но верувам во момчињата. Се надевам дека ќе најдеме сила и со добар резултат ќе обезбедиме пласман во следната фаза иако сега тоа зависи и од другата средба“-истакна селекторот Марио Вујовиќ.



За Македонија настапија: Ѓорѓиев, Амановиќ (Перчинков 90’), Терзиев, Аломеровиќ, Стојановски, Чешмеџиев, Костадинов (Петковски 66’), Кочоски, Бабунски, Сулејманов, Крезиќ (Демир 77’).

Следниот натпревар на македонската репрезентација е закажан во понеделник , 13 октомври во 15.00 часот против Лихтенштајн на ФФМ тренинг центарот.

Во вториот денешен натпревар од второто коло во нашата група Франција сосема очекувано издвојува победа со  6-0 против Лихтенштајн.




   
   
Актуелности

08.04.2024    Вести

Македонија до 14 години: Второ реми без голови против Турција

Неџат Шабани: Бевме подобар противник и заслуживме барам победа на еден од двата натпревари....

06.04.2024    Вести

Женската репрезентација до 19 години запиша нова победа

Селекцијата на Астрид Мерко славеше со 2:0 против Литванија....

Календар
А репрезентација