У-21: Израел славеше на „Филип Втори“

Објавено на 13 Август, 2014 во Вести, До 21 год

Македонската репрезентација до 21. година загуби од Израел во претпоследниот натпревар од квалификациите за ЕП 2015.

Младата селекција на Израел славеше со 3:0 на арената „Филип Втори“ во Скопје. Офир Мизрачи со два гола во првото полувреме (33` и 41`)го реши прашањето околу победникот на натпреварот. Во првото полувреме Израел, репрезентација која се бори за место на европскиот шампионат во Чешка ги искористи создадените прилики со одлична реализација на Мизрачи, за нашата селекција не беше досуден пенал откако по слободниот удар на Бобан Николов со рака играше еден од гостинските фудбалери. Во второто полувреме влеговме многу похрабро, посебно до 70. минута кога многу повеќе игравме со топка, создадовме неколку добри акции, но недостасуваше конкретна шанса со исклучок на ударот на Демир Имери. Израел стави печат на победата во 81. минута со голот на Гозлан Совал.

Македонија – Израел 0:3 (0:2)

(0:1 Мизрачи 33`, 0:2 Мизрачи 41`, 0:3 Совал 81`)

Македонија: Дамјан Шишковски, Филип Ристовски, Алекса Амановиќ (46` Егзон Бејтулаи), Ѓјоко Зајков, Ерсен Асани, Марјан Радески (64` Јасир Асани), Даниел Аврамовски, Бобан Николов (58` Димитар Иванов), Дарко Велковски, Демир Имери, Бесмир Бојку

Израел: Барак Леви, Елизер Даса, Амир Бен Шимон (12` Ахед Асам), Едвард Готлиб, Бен Вахаба, Рој Кехат, Офир Мизрачи, Кенет Хасан Саиеф (86` Диа Сабиа), Бен Рејчерт (61` Гозлан Совал), Гади Кинда, Давид Дор Мича

-Влеговме со премногу голем респект кон тимот на Израел, на моменти делувавме малку исплашено, правевме грешки и тоа придонесе да имаме негатива од два гола на полувреме. Во нашата репрезентација има голем број на нови и млади играчи, ние сме во процес на создавање нова селекција, а веројатно и притисокот од квалификациски натпревар влијаееше врз играта. Израел ги искористи своите шанси, потврдија дека се многу квалитетна репрезентација и заслужено славеа, изјави в.д. селекторот на Македонија, Вујадин Станојковиќ.




   
   
А репрезентација