У-15: Нов пораз од Црна Гора

Објавено на 02 Октомври, 2014 во До 17 год


Репрезентацијата на Македонија до 15 години е поразена и на вториот контролен натпревар против  Црна Гора со 2-1. Младата селекција одлично ја започна оваа средба и уште во 8 минута преку Бојан Колевски поведе со 1-0, предност со која заминавме на полувреме. Целосен резултатски пресврт следеше во вториот дел. Со двата гола на Данило Пашулиќ во 20 и 70 минута Црна Гора се радуваше на нов триумф против нашата репрезентација.

На овој дуел селекторот Алексо Мацков започна со следниот состав: Лука Наков, Игор Ивановски, Елвир Рамиќ, Донат Алиу, Бојан Колевски, Горјан Каркалашев-Трајковски, Виктор Ризанковски, Алтин Сефо, Филип Стојановски, Енсер Љума и Васил Крстев. На клупата за резервни играчи беа: Малик Зибери, Марио Спасиќ, Никола Спасов, Виктор Пешевски, Христијан Ристевски, Лука Трајковски, Агон Хајрадини, Виктор Терзиев и Марко Ѓорѓиевски.

Одигравме многу подобар натпревар од претходниот. Прикажавме добра игра што не беше случај минатиот пат. Задоволен сум од пристапот на моите играчи. Се гледа дека има огромен потенцијал во овие млади деца. Единствено не сум задоволен од реализацијата на денешниот натпревар. Создадовме многу одлични прилики за гол, но успеавме да постигнеме само еден гол кој на крајот се покажа како недоволен - изјави селекторот Алексо Мацков.

Ова воедно беше и првиот собир на оваа млада генерација од која треба да очекуваме многу подобри резултати во иднина.



   
   
А репрезентација