У-15: Две котролни средби против Црна Гора

Објавено на 29 Септември, 2014 во До 17 год


Националниот тим на Македонија до 15 години (фудбалери родени 2000 година) во организација на Фудбалската Федерација на Македонија ќе одигра два пријателски натпревари против соодветната репрезентација на Црна Гора. Натпреварите ќе се одиграат во вторник, 30.09.2014 година со почеток во 16.00 часот и во четврток, 02.10.2014 година со почеток во 11.00 часот настадионот на ФК Македонија во ЃорчеПетров.

Македонската репрезентација ќе настапи во следниот состав:

ГОЛМАНИ

1.  ЛУКА НАКОВ  Академија Пандев  

2.  МАЛИК ЗИБЕРИ  Вардар

ОДБРАНА

3.  МАРИО СПАСИЌ  Вардар

4.  ВИКТОР РИЗАНКОВСКИ  Пелистер 

5.  ВИКТОР ИВАНОВСКИ  Вардар

6.  НИКОЛА СПАСОВ  Академија Пандев 

7.  ЕЛВИР РАМИЌ Вардар

8.  ГОРЈАН КАРКАЛАШЕВ ТРАЈКОВСКИ  Вардар

СРЕДЕН РЕД

9.  ДОНАТ АЛИУ  Шкендија 

10.  ФИЛИП СТОЈАНОВСКИ   Еуромилк 

11.  АЛТИН СЕФО  Шкупи 

12.  ВИКТОР ПЕШЕВСКИ  Вардар

13.  ВИКТОР ТЕРЗИЕВ  Академија Пандев 

14.  ЛУКА ТРАЈКОВСКИ  Победа  

НАПАД

15.  АГОН ХАЈРЕДИНИ  Шкендија 

16.  КРИСТИЈАН РИСТЕВСКИ  Вардар

17.  ВАСИЛ КРСТЕВ Академија Пандев 

18.  БОЈАН КОЛЕВСКИ  Металург 

19.  МАРКО ЃОРГИЕВСКИ  Вардар

20.  ЕНСАР ЉУМА  Шкендија 

Ова е репрезентација во формирање, што значи дека овој состав не е конечен. Ќе има селективни натпревари со академиите, а ќе има и селектирање по региони. Целата година ќе биде селективна, бидејќи станува збор за возраст на играчи кај кои формата е менлива поради психофизичкиот раст и развој.

Во двата натпревари против Црна Гора ќе се оди на победа, за играчите уште на оваа рана возраст да стекнат искуство за тоа како изгледа да се игра под резултатски притисок. – изјави селекторот Алекса Мацков.




   
   
Актуелности

16.04.2024    Вести

ФФМ и федерациите од регионот со безусловна поддршка за Александар Чеферин

На регионален состанок во Тирана, асоцијациите од Југоисточна Европа дискутираа за различни прашања и предизвици. Безусл...

Календар
А репрезентација