Објавено на 04 Септември, 2024 во Вести, Вести
Македонската репрезентација на 7. и 10. септември ќе се соочи со Фарски Острови и Ерменија, во рамки од новата сезона во Лигата на нации. Дебитантот во најдобрата македонска репрезентација, Кристијан Трапановски размислува оптимистички во пресрет на првиот гостински меч против Фарски Острови.
„Задоволство ми е што сум дел од националниот тим на Македонија. Се надевам дека ќе ја искористам оваа шанса и ќе ги покажам моите квалитети. Групата ме пречека одлично, се чувствувам супер, се чувствувам како долго време да сум тука иако ми е првпат“, вели Трапановски.
„Нашата цел е да освоиме што е можно повеќе бодови, ако е можно да ги победиме сите натпревари и да се пласираме во следната рунда. Фаворити сме, но во денешно време нема лесни противници“.
„Сметам дека ние како тим сме многу поквалитетни од Фарски острови. Теренот и времето нема да прават проблеми ако ние бидеме на вистинското ниво, ќе ги освоиме трите бода“.