Судиска анализа за осминафинале Куп на Македонија

Објавено на 06 Октомври, 2022 во Куп на Македонија, Вести


Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од осминафиналето во рамките на Купот на Македонија, сезона  2022-2023 и ги донесе следните заклучоци:

На натпреварот  ФК Струга Трим Лум – ФК. Работнички одигран на 05.10.2022 година, анализирани се ситуаците од 13, 32, 69 и 93 минута.

Главен судија: Ѓорѓиев Крунислав. Помошни судии: Петковски Мартин и Андевски Бојан.

13 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Досуден удар од 11 метри)

Играч од гостинската екипа продира по левата страна, на него стартува играч од одбраната на домаќините,кој сакајќи  да ја избие топката  ја промашува и прави непромислен старт во долниот дел од стапалото на напаѓачот на екипата на гостите.

Исправна одлука на главниот судија, досуден удар од 11 метри и правилно доделен жолт картон за играчот од одбраната на домаќините.

32 минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ВТОРИОТ ПОМОШНИК СУДИЈА (Досудено офсајд позиција)

Играч од екипата на домаќините упати удар кон голот на гостите, голманот ја брани топката и истата се одбива до соиграч на домашната екипа кој постигнува гол.

Погрешна одлука на вториот помошен судија што досуди офсајд позиција, бидејќи играчот што постигнува гол во моментот на ударот кон голот на гостите се наоѓаше позади предпоследниот играч од одбраната на гостите. Голот е регуларен и требаше да биде признаен.

69 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Досуден удар од 11 метри)

Скоро идентична ситуација како и во 13 минута и се случува на исто место од теренот, но сега досуден прекршок за 11 метри за домашната екипа. Критериумот на судијата изедначен. Играч од домашната екипа продира по левата страна, на него стартува гостински одбрамбен играч кој сака да ја избие топката но ја промашува и прави непромислен старт во долниот дел од стапалото врз напаѓачот од домашната екипа.

Исправна одлука на главниот судија, досуден удар од 11 метри и правилно доделен жолт картон за домашниот одбрамбен играч.

90+3 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Доделен ЦРВЕН картон)

На високо нафрлена топка, играч од екипата на гостите непромислено и опасно стартува директно на ногата  на играч од екипата на домаќините.

Исправна одлука на судијата, доделен ЦРВЕН картон на играчот на екипата на гостите, целиот ризик за ваков непромислен старт го зема на своја одговорност и оправдано е доделен црвен картон.

На натпреварот ФКШкендија - ФК Скопје одигран на 05.10.2022 година, анализирани  се ситуациите од 14 и 44 минута.

Главен судија: Ралевски Благојче. Помошни судии: Дрнковски Николче и Митревски Владимир.

14 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Досуден удар од 11 метри)

При контра-напад на домашната екипа, топка е додадена централно од голот  во 16-тникот на екипата на гостите, на неа натрчува соиграч на напаѓачот врз кого е направен прекршок така што намерно со интензитет е спречен т.е оневозможен во движење од  играч од одбраната на гостите кој намерно влегува во линија на движење и прави непромислен контакт.

Исправна одлука на главниот судија што досуди удар оо 11 метри, бидејки таков прекршок на било кој дел од теренот мора да се  оквалификува со директен удар.

44 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Досуден удар од 11 метри)

Напаѓач на домашната екипа  прима топка во 16-тникот, врз него непромислено стартува гостински одбрамбен играч во долниот дел на стапалото.

Исправна одлука на главниот судија што досуди удар од 11 метри.

На натпреварот  ФК Шкупи - Фк Воска одигран на 05.10.2022 година, анализирана е ситуацијата од 90 минута.

“Главен судија: Пилешков Димитар. Помошни судии: Василевски Даниел и Џонов Христијан.

90 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Недосуден удар од 11 метри)

Играч од нападот на гостите центрира по десна страна, топката доаѓа до негов соиграч кој шутира со глава и топката го удира во рамо обрамбениот играч  на домакините и играта правилно продолжува

Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, бидејќи немаше никакви елементи за да се досуди удар од 11 метри.

На натпреварот  ФК Вардар - ФК Фортуна одигран на 05.10.2022 година, анализирана е ситуацијата од 82 минута.

Главен судија: Урошевиќ Александар. Помошни судии: Јовчески Дарко и Ѓорѓески Александар.

82 минута: ДОБРА  ПРОЦЕНКА НА ПРВИОТ ПОМОШНИК СУДИЈА (Не досудено офсајд позиција)

Во една акција со две предизвикувачки офсајд ситуации, првиот асистент е на висина на својата задача и во двете ситуации точно проценува играта да продолжи, поготово во втората ситуација кога играч од екипата на домаќините ја додава топката до свој соиграч кој во моментот на додавање е во линија со соиграчот кој му ја додава топката и постигнува гол.

Исправна одлука на првиот помошен судија, голот е регуларен.

На останатите осминафинални куп натпревари,  немаше спорни ситуации за судиска анализа.




   
   
Актуелности

27.03.2024    А репрезентација - Вести

„Анталија Куп 2024

Младата репрезентација на Македонија до 18 години одигра нов добар натпревар и ја забележа втората победа во рамките на ...

Календар
А репрезентација