Судиска анализа за 31. коло на Прва МФЛ и 28. коло на Втора МФЛ

Објавено на 09 Мај, 2024 во Вести


Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 31 коло на ПРВА МФЛ, и ги донесе следните заклучоци:

 На натпреварот Фк.Работнички-Фк.Тиквеш одигран на 04.05.2024 година, анализирани се ситуациите од 69 и 81 минута.

“Главенсудија: Јован Качевски. Помошни судии: Зоран Јанкуловски и Мартин Дејаноски.

69 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За досуден пенал за гостинската екипа, при резултат 2:0)

Играч на гостинската екипа беше во посед на топка странично во 16-сетникот на домакините, пред него се наоѓаше домашен играч и во моментот кога гостинскиот играч го помина противничкиот играч тој беше спречен на недозволен начин (туркање) од противничкиот играч.

Исправна одлука на главниот судија, досуден пенал за гостинската екипа, поради недозволен старт (туркање) на играч на домашната екипа над противнички играч.

81 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За досуден пенал за домашната екипа, при резултат 2:1)

Играч на домашната екипа изведе слободен удар, противнички играч кој беше во својот 16-сетник и стоеше во зидот, ја удри топката со рака (која му беше високо дигната и во неприродна положба, со зголемен волумен од телото).

Исправна одлука на главниот судија, досуден пенал за домашната екипа, поради недозволена игра со рака на гостински играч (високо подигната и во неприродна положба)

 На натпреварот Фк.Вардар-Фк.Македонија Ѓ.П одигран на 04.05.2024 година, анализирани се ситуациите од 45+2 и 90+3 минута.

“Главенсудија: Игор Иванов. Помошни судии: Тоше Ицев и Душко Панов.

45+2 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА ( За недосуден пенал за домашната екипа, при резултат 0:0)

Играч на гостинската екипа во својот 16-сетник сакајки да прими топка, лошо го процени движењето на топката, таа се одби од земја и го удри во гради па рака (која му беше во природна положба малку одвоена од тело но спуштена надоле)

Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, бидејки топката се одби од земја и го удри гради па рака играчот на гостите, која му беше во природна положба и спуштена надоле.

90+3 минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За недосуден слободен удар над голманот на гостинската екипа и признаен гол за домашната екипа, при резултат 0:0)

На одбиена топка во голманскиот простор од 5,5 метри во 16-сетникот на гостинската екипа, голманот сакаше да игра со раце со топката, но противнички играч на недозволен и неспортски начин (со рака направи прекршок на раката на голманот) го спречи голманот да интервенира, а друг играч на екипата на домакините со глава постигна гол.

 Погрешна одлука на главниот судија што го призна голот, требаше да се досуди слободен удар над голманот на гостинската екипа поради недозволен старт (прекршок со рака над раката на голманот) на играч на домакините, спречувајки го голманот да игра со топката.

На натпреварот Фк.Воска-Фк.Силекс одигран на 04.05.2024 година, анализирана е ситуацијата од 63 минута.

“Главенсудија: Александар Грујоски. Помошни судии: Куштрим Лика и Давор Цветановски.

63 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За досуден слободен удар за гостинската екипа- игра со рака на домашен играч и поништен гол за домакините, при резултат 1:1)

Играч на домашната екипа даде долга топка во 16-сетникот на гостите, негов соиграч ја прими топката со рака (широко одвоена од тело и во неприродна положба) и постигигна гол.

Исправна одлука  на главниот судија, досуден слободен удар за гостинската екипа, голот е поништен поради недозволена игра со рака на домашен играч (широко одвоена од тело и во неприродна положба, со зголемен волумен на раката од телото).

На останатите натпревари од ПРВА МФЛ немаше спорни ситуации за судиска анализа.

 

   Судиска анализа за 28 коло од ВТОРА МФЛ за сезона 23/24

Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 28 коло на ВТОРА МФЛ, и ги донесе следните заклучоци:

 На натпреварот Фк.Беласица-Фк.Вардар Неготино одигран на 04.05.2024 година, анализирана е ситуацијата од 86 минута.

“Главенсудија: Јосип Бартон. Помошни судии: Хабил Ливарека и Имран Абази.

86 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За досуден пенал за гостинската екипа, при резултат 0:0)

Центрирана топка во 16-сетникот на домашната екипа, топката пред да дојде до гостински играч и истиот да игра со неа, беше спречен со недозволен старт (туркање од позади грб со две раце) од противнички играч.

Исправна одлука на главниот судија, досуден пенал за гостинската екипа, поради недозволен старт (туркање од позади грб со две раце) на домашен играч над противнички играч.

На натпреварот Фк.Победа-Фк.Арсими одигран на 04.05.2024 година, анализирана е ситуацијата од 13 минута.

“Главенсудија: Ангел Гелов. Помошни судии: Петар Степановски и Николче Николовски.

13 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За досуден пенал за домашната екипа, при резултат 0:0)

Играч на домашната екипа беше во посед на топката во 16-сетникот на гостинската екипа и во очигледна шанса за гол (сам пред голман), го помина голманот и пред да упати удар кон голот беше спречен од голманот со недозволен лизгачки старт на ногата.

Исправна одлука на главниот судија, досуден пенал за домашната екипа и доделен жолт картон за голманот на гостинската екипа поради спречување очигледна шанса за гол (недозволен лизгачки старт на нога).

На натпреварот Фк.Охрид-Фк.Детонит одигран на 04.05.2024 година, анализирани се ситуациите од 43, 56 и 61 минута.

“Главенсудија: Игор Стојчевски. Помошни судии: Дарко Видиниќ и Филип Ицковски.

43 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За досуден пенал за домашната екипа, при резултат 1:0)

Играч на гостинската екипа ја имаше топката во свој посед во својот 16-сетник, неспретно реагираше, ја изгуби топката и потоа направи недозволен старт (сопнување) на ногата на противнички играч.

Исправна одлука на главниот судија, досуден пенал за домашната екипа поради недозволен старт (сопнување) на нога на играч на гостинската екипа над противнички играч.

56 минута : ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За досуден пенал за домашната екипа, при резултат 2:0)

Играч на гостинската екипа додаде топка во својот 16-сетник кон својот голман, меѓутоа прв до топката стигна играч на домакините, ја зема топката во свој посед и голманот направи недозволен старт (на ногата и телото) на играчот, спречувајки го очигледна шанса за гол.

Исправна одлука на главниот судија, досуден пенал за домашната екипа и доделен жолт картон за голманот на гостинската екипа, поради недозволен старт (на нога и тело) на противнички играч и спречување очигледна шанса за гол.

61 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За досуден пенал за гостинската екипа, при резултат 3:0)

Играч на гостинската екипа центрираше топка во 16-сетникот на домакините, при центаршутот топката удри во раката (неприродна положба, високо подигната) на играч на домакините.

Исправна одлука на главниот судија, досуден пенал за гостинската екипа поради недозволена игра со рака (неприродна положба и вискоко подигната) на домашен играч.

На натпреварот Фк.Осогово-Фк.Скопје одигран на 04.05.2024 година, анализирана е ситуацијата од 12 минута.

“Главенсудија: Никола Иванов. Помошни судии: Петар Новачев и Александар Ајдаров.

12 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За недосуден пенал за домашната екипа, при резултат 0:0)

Играч на домаки ните упати удар кон голот на гостинската екипа, играч на гостите со рамо ја удри топката и ја спречи да влезе во гол.

Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, бидејки играчот на гостинската екипа на регуларен начин ја удри топката (со рамо), без да има игра со рака.

На останатите натпревари од ВТОР МФЛ немаше спорни ситуации за судиска анализа.




   
   
Актуелности

20.05.2024    Вести

31 финале во Купот на Македонија. Тиквеш и Воска Спорт во битка за својот прв трофеј

Влезници за натпреварот може да се купат по цена од 200 денари преку продажната мрежа на МКТickets....

Календар
А репрезентација