Објавено на 01 Декември, 2023 во Вести
Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 16 коло на ПРВА МФЛ, и ги донесе следните заклучоци:
На натпреварот Фк.Шкендија-Фк. Работнички одигран на 29.11.2023 година, анализирани се ситуациите од 45+1 и 90+2 минута.
“Главен судија: Александар Грујоски.Помошни судии: Куштрим Лика и Давор Цветановски.
45+1минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За недосуден пенал за гостинската екипа, при резултат 0:0)
Центрирана топка пред 16-сетникот на домашната екипа, играч на гостинската екипа ја удри топката со глава која удри во раката на домашен играч кој се наоѓаше во својот 16-сетник.
Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, бидејки раката на играчот на домакините беше во природна положба, спуштена близу телото.
Главниот судија беше одлично поставен и имаше јасна прегледност на ситуацијата.
90+2 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За недосуден пенал за гостинската екипа, при резултат 1:0)
Играч на гостинската екипа центрираше топка странично од голот на домакините, играч на домашната екипа кој беше на линијата на 16-сетникот скокна да ја блокира топката и таа го удри во рака која при скокот беше во природна положба, близу телото.
Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи бидејки рака на домашниот играч кога топката го удри во рака се наоѓаше во природна положба, близу телото.
И во оваа ситуација главниот судија беше одлично поставен,имаше јасна прегледност на ситуацијата и донесе исправна одлука.
На натпреварот Фк.Воска-Фк.Тиквеш одигран на 29.11.2023 година, анализирани се ситуациите од 13 и 45+2минута.
“Главенсудија:Александар Ставрев. Помошни судии: Дејан Костадинов и Бранко Путилин.
13 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За недосуден пенал за гостинската екипа, при резултат 0:0)
Во 16-сетникот на домашната екипа играч на гостите беше во посед на топката, во моментот кога се спремаше да упати удар кон голот на домакините, играч на домашната екипа од позади грб му ја изби топката, дојде до минимален контакт со телата и играчот на гостите падна.
Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи бидејки играчот на домашната екипа ја изби топката на коректен начин без контакт со ногата на противникот.
Главниот судија одлично беше поставен и имаше одлична прегледност на ситуацијата и донесе исправна одлука.
45+2 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За доделен ЦРВЕН картон на играч на домашната екипа,при резултат 0:1)
Играч на домашната екипа во борба за топка со противнички играч во свој 16-сетник странично од голот ја освои топката, гостински играч го влечеше за тело, во моментот кога главниот судија досуди слободен удар за домашната екипа, играчот на домакините на недозволен и неспортски начин го удри противничкиот играч со рака (тупаница) во пределот на главата (лицето).
Исправна одлука на главниот судија, досуден слободен удар за домашната екипа и доделен ЦРВЕН картон за домашниот играч за недозволен и неспортски старт,намерен удар со рака (тупаница) во пределот на главата (лицето) на противнички играч.
На натпреварот Фк.Вардар-Фк.Струга Трим Лум одигран на 29.11.2023 година, анализирани се ситуациите од 7,32 и 44 минута.
“Главенсудија: Крумислав Ѓорѓиев. Помошни судии: Дарко Јовчевски и Александар Ѓорѓески.
7 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За досуден пенал за гостинската екипа, при резултат 0:0)
Центрирана топка во 16-сетникот на домашната екипа, играч на гостите со глава ја удри топката и играч на домашната екипа со закаснет старт направи недозволен старт со телото над играчот на гостите (во телото).
Исправна одлука на главниот судија, досуден пенал за гостинската екипа поради недозволен старт, закаснет старт на домашен играч со телото над противнички играч (во телото).
32 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За досуден пенал за домашната екипа, при резултат 0:2)
Центрирана топка во 16-сетникот на гостинската екипа, играч на гостите со глава ја одби топката која потоа удри во раката (високо подигната од телото и неприродна положба) на свој соиграч.
Исправна одлука на главниот судија, досуден пенал за домашната екипа поради недозволена игра со рака (високо подигната од телото и неприродна положба) на гостински играч во свој 16-сетник.
44 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За недосуден пенал за домашната екипа, при резултат 1:2)
Центрирана топка во 16-сетник на гостинската екипа, двајца противнички играчи беа еден до друг со телата (кратка дистанца), топка помина преку играчот на домакините и удри во раката (природна положба за тој скок) на гостинскиот играч, која беше до самото тело на противничкиот играч.
Исправна проценка на главниот судија што дозволи играта да продолжи, бидејки растојанието помеѓу играчите беше премногу кратко и раката на играчот за тој скок се наоѓаше во природна позиција (до самото тело на противнички играч).
Одлична поставеност на главниот судија со јасна прегледност на ситуацијата и донесе исправна одлука.
На останатите натпревари од 1 МФЛ немаше спорни ситуации за судиска анализа.
Цената на влезница за натпревар изнесува од 200 и 400 денари....