Станиќ: Очекувам позитивен резултат од контролните натпревари против Кипар

Објавено на 20 Март, 2015 во Вести, До 19 год

Македонската репрезентација до 19 година на 24. и 26. март против Кипар на тренинг комлексот „Петар Милошевски“ ќе одигра два контролни натпревари против репрезентацијата до 19 години на Кипар.

Селекторот на нашата селекција за играчи од генерацијата 1997 веќе го објави списокот на играчи - http://ffm.mk/makedonija-do-19-godini-kje-odigra-dva-kontrolni-natprevari-protiv-kipar. Единствената промена е дополнителниот повик до Стефан Лазаревиќ од Македонија Ѓ.П. на местото на повредениот Мартин Мирчевски од Пелистер.

-Ова за нас ќе биде втора сериозна контролна пресметка по дуелот со репрезентациите на Турција минатиот месец. И за овие два натпревари повикавме главно играчи кои и во изминатиот период го носеа товарот на натпреварите. Мартин Христов, Шаип Тела, Садики и Лазаревиќ се новите имиња во составот. Имавме доволно време за анализа на грешките и слабостите од последниот натпревар со Турција, очекувам добра игра од моите фудбалери и позитивен резултат, изјави селекторот на репрезентацијата Горан Станиќ.

Подготовките за натпреварите против Кипар, нашата селекција ги започнува на 23. март. Натпреварите започнуваат во 13.00 часот.




   
   
А репрезентација