Соопштение на ФФМ во врска со активностите на МВР за наместени натпревари

Објавено на 29 Март, 2024 во Вести


Министерството за внатрешни работи (МВР) побара информации од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) кои првенствено се однесуваат на акти кои го регулираат натпреварувањето, записници од официјални натпревари во рамки на натпреварувања во организација на ФФМ,  потоа распоред од календарот на натпреварувањата во домашните првенства итн.

Во рамки на своите надлежности кои се однесуваат пред се на заштита на интегритетот на натпреварувањето, ФФМ целосно соработува со МВР и органите на Министерството во тој дел.



   
   
А репрезентација