Словенија – Македонија 1-1. Одличен натпревар за Македонија до 21 година.

Објавено на 30 Март, 2015 во Вести, До 21 год

Репрезентацијата на Македонија до 21 година одигра нерешено 1-1 против Словенија на контролниот натпревар одигран на гостински терен во Цеље.

Иако без шестмина стандардни играчи (Барди, Велковски, Радевски, Бабунски, Николов и Сулејманов) селекцијата предводена од Благоја Милевски одигра одличен натпревар против многу подобро рангираната домашна репрезентација на Словенија. Филип Пивковски во 42. минута го постигна голот за водство на нашата селекција. Во првиот дел, момент за издвојување беше и одличната можност која ја имаше нашата репрезентација во 11. минута преку Валмир Нафиу, фудбалерот на Апоел излезе сам пред противничкиот гол, но немаше среќа да реализира. Во продолжението од средбата, словенечките фудбалери со голот на резервистот Ален Ожболт во 74. минута успеаа да го израмнат резултат и да ги постават конечните 1-1.

Македонија до 21 година: 1. Дејан Илиев, 2. Филип Ристовски, 3. Ангелче Тимовски (Имери 80`), 4. Муслиу Висар, 5. Ѓоко Зајков, 7. Јасир Асани (Денковски), 8. Бурхан Мустафов (Константин Чешмеџиев70`), 9. Валмир Нафиу (Костадинов 84`), 10. Даниел Аврамовски (Виктор Ангелов 55`), 11. Филип Пивковски (Кире Марковски 72`), 19. Бесир Демири;

Словенија до 21 година: 12. Грегор Забрет, 11. Домен Чрнигој, 4. Лео Ејуп, 5. Јон Горенц Станковиќ, 3. Јуре Балковец, 9. Грегор Бајде, 16. Лео Штулац, 7. Ник Капун, 14. Руди Ванчаш Пожек, 10. Миха Зајц, 6. Ќенан Бајриќ;




   
   
А репрезентација