Шкендија со „двојна круна“ од Купот на Македонија во младински фудбал, славеа кадетите и младинците на тимот

Објавено на 15 Мај, 2018 во Куп на Македонија, Вести


Кадетите на Шкендија се освојувачи на македонскиот национален куп. Тие во финалето во Охрид беа подобри од екипата на Пелистер и на крајот сосема заслужено славеа со 5:3 (3:2). Натреварот на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид започна фуриозно за тетовските “црвено-црни„.Ефикасниот и крајно возбудлив натревар го започнаа со три погодоци. Сепак до полувремето битолската екипа постигна два гола и најави дека финалната средба ќе биде крајно интересна. Во второто полувреме беа постигнати уште три гола. Два во мрежата на Шитраковски и еден во онаа на Абази. Головите вредни куп пехар за тимот на Шкенднија ги постигнаа: Рамиќ, Каримани, Спахиу и Рамадани (два). Додека во тимот на Пелистер прецизни беа: Бошковси (два) и Селмани.

Шкендија – Пелистер 5:3 (3:2)

Стадион Билјанини извори, Охрид
Судии: Стојановски, Лика, Османи (сите од Кичево)
Стрелци: Рамиќ, Рамадани 2, Каримани, Спахиу (Ш) Селмани, Бошковски 2 (П)
ШКЕНДИЈА: Абази, Мустафа, Реџепи, Рамиќ, Каримани, Рамадани, Мемиши, Шахини, Бакија, Гаши, Спахиу.
ПЕЛИСТЕР: Шитракоски, Ризанковски, Момировски, Божиноски, Мијаковски, Селмани, Бошковски, Стојановски, Јовановски, Ристески, Велјановски.

Денеска во Охрид ќе се одигра и финалето во младинска конкуренција. Од 17 часот играат Работнички и Шкендија. Завршницата на фудбалскиот куп на Македонија во Охрид продолжува утре со финалните средби за помлади пионери и пионери. Првото финале помеѓу Шкеднија и Работнички е закажано за 10 часот. Во 17 часот за пехарот во конкуренција на пионери ќе играат Вардар и Академија Пандев. Следниот ден на Стадионот „Билјанини Извори“ е закажна и последната финална средба, каде ќе играат помладите петлиња на Вардар-Шкендија.

Сениорското финале помеѓу екипите на Пелистер и Шкендија се игра на 23 мај со почеток во 20 часот на стадионот „Младост“ во Струмица , додека  финала во женска конкуренција е на 30 мај во Печчево и во него же играат тимовите на Драгон 2014 и Тиверија со почеток во 17 часот.

„Честитки за актерите од двете екипи кои одиграа финалање за паметење во кадетската конкуренција. Ние подобро го отворивме натпреварот и дојдовме до заслужена предност од три голови. Пелистер и покрај негативата не се предаде и со два погодоци успеа комплетно да се врати во игра. Во второто полувреме повторно имаше голови и возбудувања, но ние на крајот покажавме повеќе карактер и дојдовме до трофејот“ , изјави тренерот на Шкендија, Берат Имери.

Младинскиот тим на Шкендија беше подобар ривал од Работнички.

Тетовчани во финалето на теренот во СЦ „Билјанини Извори“ во Охрид беа подобри по изведување на пеналите. Регуларниот дел заврши без голови (0-0), додека пенал-серијата Шкендија ја доби со 5-4, благодарение на максималниот ефект и промашувањето на Петровски.




   
   
Актуелности

22.05.2018    Вести

Купот на Македонија ќе биде пренесуван и на знаковен јазик

Во обезбедувањето знаковен превод на финалето од Купот на Македонија меѓу Пелистер и Шкендија, ФФМ и Национална спортска...

Календар

27 Мај

17:00 Азербејџан - Македонија
    У21 пријателска
А репрезентација