Семинар за Национална Ц лиценца

Објавено на 30 Октомври, 2017 во Вести, Семинари


Фудбалската федерација на Македонија и Центарот за Едукација го организираат редовниот семинар за добивање на Национална Ц лиценца за тренери кои работат во детските лиги на ФФМ. Семинарот ќе се одржи од 1. до 3. ноември 2017. година во хотел „Континентал“, Скопје со следнава програма:

  1. ноември (среда): 11:30 – 16:00 часот;
  2. ноември (четврток): 09:00 - 15:00 часот;
  3. ноември (петок): 09:00 – 16:00 часот;

Пријавените кандидати треба да дојдат во х. Континентал најдоцна до 11:00 часот поради евиденција на присуство и подигнување на опрема за семинар. Присуството на семинарот е задолжително за цело времетрање, а во таа насока ги известуваме тренерите да ги адаптираат своите професионални обврски.

Во склоп на овој семинар кандидатите ќе видат теоретско-практични презентации од областа на спортска физиологија и психологија за деца како и однос родител-спортист-тренер, игри на скратен простор во функција на развој на фудбалерот, начин на исхрана кај спортистите. Практичните презентации ќе бидат реализирани со фудбалерите од ФФМ Академија на терените на Тренинг Центар „Петар Милошевски“.

Доделувањето на сертификати за присуство е на 3. ноември по завршување на семинарот.




   
   
Актуелности

27.03.2024    А репрезентација - Вести

„Анталија Куп 2024

Младата репрезентација на Македонија до 18 години одигра нов добар натпревар и ја забележа втората победа во рамките на ...

Календар
А репрезентација