Сефер Емини: Србија е квалитетна репрезентација, нe очекува тежок натпревар во Белград

Објавено на 20 Март, 2022 во Вести, До 21 год


Репрезентацијата на Македонија до 21 година го продолжува квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство 2023 година во Романија и Грузија.

Избраниците на селекторот Драги Канатларовски денеска официјално ги започнаа подготовките за претстојните мартовски натпревари од квалификациите против Србија и Фарски Острофи.

Еден од најконстантните играчи сезонава во ПМФЛ, член на Македонија Ѓ.П и младата репрезентација на Македонија, Сефер Емини ги сподели  своите очекувања во пресрет на двата клучни меча од квалификациите.

Не очекува исклучително тежок натпревар против Србија. Се работи за репрезентација која има голем квалитет, нема да биде лесно, но ние веруваме во нас и ќе се обидеме да обезбедиме позитивен резултат. Секој натпревар е клучен, така ќе биде и против Србија и Фарски Острови . Денеска ги започнавме подготовките, со нетрпение го очекуваме следниот меч. Целта е јасна, а тоа е освојување на три бода. Против Фарски Острови сме фаворити, но тоа мора да го покажеме и на терен. Не очекуваат два возбудливи меча, се надевам дека ние ќе бидеме тие што ќе издвојуваат победа на двата меча."

На 24. март нашите млади фудбалери играат против Србија во Белград со почеток од 17:00 часот, а на 29. март, на стадионот „Тодор Проески" од 18:00 часот ја пречекуваме селекцијата на Фарски Острови.








   
   
А репрезентација