Репрезентацијата на Македонија до 21 година гостува во Ларнека (Кипар)

Објавено на 01 Септември, 2014 во До 21 год

Младата репрезентација на Македонија до 21 година против соодветната селекција на Израел го завршува квалификациксиот циклус.

Поради ситуацијата во оваа земја, натреварот ќе се одигра во Ларнака (Кипар) на 09.09.2014 со почеток во 17 часот. Репрезентивниот собир е закажан за 06.09 во Хотел „Истатов“ во Дојран.

Селекторот Вујадин Станојковиќ за оваа средба ги повика следните фудбалери:

ГОЛМАНИ

1.ДЕЈАН ИЛИЕВ – АРСЕНАЛ АНГЛИЈА

2.ИГОР АЛЕКСОВСКИ – МАКЕДОНИЈА Ѓ.П

ОДБРАНА

3.ФИЛИП РИСТОВСКИ – МЕТАЛУРГ

4.ЈАСИР АСАНИ – ВАРДАР

5.АНГЕЛЧЕ ТИМОВСКИ – СИЛЕКС

6.ВИСАР МУСЛИУ – СТ.ГАЛЕН – ШВАЈЦАРИЈА

7.ЕРСЕН АСАНИ – РЕНОВА

8.ЃОКО ЗАЈКОВ – РЕН ФРАНЦИЈА

СРЕДЕН РЕД

9.БОБАН НИКОЛОВ – ВИТОРУЛ КОНСТАНЦА РОМАНИЈА

10.БЕСМИР БОЈКУ – РАБОТНИЧКИ

11.МИХАЈЛО МИТРОВ – МЕТАЛУРГ

12.ДАНИЕЛ АВРАМОВСКИ – ЦРВЕНА ЗВЕЗДА СРБИЈА

13.КРИСТИЈАН КОСТОВСКИ – СИЛЕКС

14.БЕСАРТ ДЕМИРИ – ШКУПИ

НАПАД

15.ТАУЛАНТ СУЛЕЈМАНОВ – РАБОТНИЧКИ

16.ВАЛМИР НАФИУ – ХАМБУРГЕР ГЕРМАНИЈА

17.ДЕМИР ИМЕРИ – ШКЕНДИЈА

18.ДИМИТАР ИВАНОВ - ВАРДАР

„До овој момент повикани се 18 играчи. Но во текот на денешниот и утрешниот ден ќе повикаме уште двајца, вкупно 20 фудбалери. Некои фудбалери кои првенствено беа на овој список се отстапени за потребите на националниот тим, нормално приоритет има репрезентацијата на Македонија. Се нaдевам дека со добра игра ќе оствариме позитивен резултат на вториот натревар против Израел. Израел е инзвонредна селекција, но нема да се предадем однапред. Со цврста и борбена игра ќе настојуваме да извлечеме поволен резултат“ - изјави селекторот Вујадин Станојковиќ.



   
   
Актуелности

08.04.2024    Вести

Македонија до 14 години: Второ реми без голови против Турција

Неџат Шабани: Бевме подобар противник и заслуживме барам победа на еден од двата натпревари....

06.04.2024    Вести

Женската репрезентација до 19 години запиша нова победа

Селекцијата на Астрид Мерко славеше со 2:0 против Литванија....

Календар
А репрезентација