Репрезентацијата на Македонија до 18 години одигра нерешено 2:2 против Финска на вториот контролен натпревар

Објавено на 27 Март, 2016 во Вести, До 19 год


Репрезентацијата на Македонија до 18 години одигра нерешено 2:2 со селекцијата на Финска на вториот контролен натпревар меѓу двете селекции одигран на тренинг центарот „Петар Милошевски”.

Избраниците на селекторот Јетон Несими одиграа одлично прво полувреме, во кое успеаа да постигнат два погодока. Македонија поведе со 1:0 во 5. минута преку Абаз. Фудбалерите на Исланд во 23. минута преку Рантанен израмнија на 1:1. Шест минута подоцна, Миловановиќ погоди за нова предност на нашата репрезентација.

Во вториот дел, одигравме послабо, тоа селекцијата на Финска го искористи. Три минути пред крај на натпреварот Апо погоди за израмнување на резултатот на 2:2. Воедно тоа беше и конечниот резултат на оваа средба.

МАКЕДОНИЈА– ФИНСКА 2:2 (2:1)

1:0 Емил Абаз 5`; 1:1 Даниел Рантанен 23`; 2:1 Даниел Миловановиќ 29`; 2:2 Апо Халма 87`;

МАКЕДОНИЈА: Филип Трајчевски, Тодор Тодоровски, Елиф Елмаз, Даниел Миловановиќ, Михаил Маневски, Антонио Митрев, Ердон Даци, Бенјамин Мустафиќ, Медин Бајрами, Емил Абаз, Милан Ристовски; Селектор: Јетон Несими






   
   
А репрезентација