РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА ДО 18 ГОДИНИ НА СИЛЕН ТУРНИР ВО НОВИ САД

Објавено на 10 Јуни, 2014 во До 19 год

Репрезентацијата на Македонија до 18 години од 13 до 15 јуни ќе учествува на меѓународниот турнир „Стеван Нештицки“ во Нови Сад, Србија.

Покрај нашата селекција на силниот турнир во Нови Сад ќе учествуваат ФК Војводина, Академија Пушкаш, ФК Црвена Звезда, репрезентацијата на Република Српска и ФК Партизан.

Селекторот на македонската репрезентација, Јетон Несими за натпреварите од турнирот „Стеван Нештицки“ ги повика следните фудбалери:

ГОЛМАНИ: Илиќ Филип (ФК Металург), Боби Целески (ФК Македонија ЃП)

ОДБРАНА: Алаомеровиќ Сабахудин (Академија ФФМ-ФК Македонија Ѓ.П)Боцевски Слободан (Академија ФФМ-ФК Македонија Ѓ.П)Дигаловски Дарко (ФК Металург)Алексиќ Милан (ФК Вардар)Перчинков Игор (Академија ФФМ – ФК Работнички), Шаип Тела (ФК Ксамакс – Швајцарија)

СРЕДЕН РЕД: Валентин Кочовски (ФК Академија Пандев)Стефан Јевтовски  (Академија ФФМ-ФК Металург)Сабит Билали (Академија ФФМ-ФК Ренова)Мартин Мирчевски (ФК Пелистер)Реџеп Курт (ФК Академија Пандев)Бесарт Исеини (ФК Шкупи)

НАПАД: Ремзифаик Селмани (ФК Ренова)Страхиња Крстевски (ФК Војводина)Петковски Петар  (ФК Македонија Ѓ.П), Андреј Кудијан (ФК Работнички)

-Главно ова се фудбалери кои го носеа товарот од квалификацискиот циклус минатата година за пласман на ЕП до 17 години. Нашата цел е да ја  е видиме формата во која се наоѓаат играчите, дел од нив настапуваат и за репрезентацијата до 19 години и сметам дека турнирот ќе биде позитивен за нас како тим. Играме два натпревари во групата со Црвена Звезда и Војводина, мислам дека имаме квалитет да се бориме за влез во финалето, изјави селекторот на репрезентацијата, Јетон Несими.

Првиот натпревар нашата репрезентација го игра на 14 јуни, сабота, во 09.00 часот против Црвена Звезда. Во попладневниот термин од 17.30 часот играме против составот на Војводина и во зависност од постигнатите резултати наредниот ден ќе се бориме за пласман од првото до петтото место.




   
   
Актуелности

08.04.2024    Вести

Македонија до 14 години: Второ реми без голови против Турција

Неџат Шабани: Бевме подобар противник и заслуживме барам победа на еден од двата натпревари....

06.04.2024    Вести

Женската репрезентација до 19 години запиша нова победа

Селекцијата на Астрид Мерко славеше со 2:0 против Литванија....

Календар
А репрезентација