Репрезентација до 19 години: Македонија ги пречекува Англија, Италија и Финска во Скопје

Објавено на 02 Октомври, 2015 во Билети, До 19 год

Македонија е домаќин на квалификацискиот турнир за репрезентации до 19 години. На турнирот кој ќе се одигра во Скопје, покрај нашата репрезентација место за пласман во елитната фаза на квалификациите ќе се обидат да изборат Англија, Италија и Финска.

Распоредот на натореварите е следен:

08. октомври, 2015 г. - четврток

Англија - Македонија 15.00 ч.ФФМ Тренинг Центар „Петар Милошевски“
Италија - Финска15.00 ч.Стадион Борис Трајковски - Маџари
10. октомври, 2015 г. - сабота

Италија - Македонија15.00 ч.ФФМ Тренинг Центар „Петар Милошевски“
Англија - Финска15.00 ч.Стадион Борис Трајковски - Маџари
13. октомври, 2015 г. - вторник

Македонија - Финска15.00 ч.ФФМ Тренинг Центар „Петар Милошевски“
Англија - Италија15.00 ч.Стадион Борис Трајковски - Маџари

Во елитната фаза на квалификациите ќе се пласираат двете првопласирани екипи како и најдобро рангираната третопласирана екипа од 13 групи кои играат групна фаза на квалификации.

Билетите за натпреварите на македонската репрезентација ќе бидат пуштени во продажба во понеделник, 05. октомври, 2015 г. по цена од 50 денари. Од 05. октомври до 08. октомври билетите ќе можат да се купат во холот на Куќата на фудбалот од 08.30 до 16.00 часот. По 08. октомври билетите ќе бидат достапни на продажно место во комплексот Куќа на фудбалот.

Сите натпревари од квалификацискиот турнир ќе бидат пренесувани во живо на live stream платформата на ФФМ.



   
   
Актуелности

16.04.2024    Вести

ФФМ и федерациите од регионот со безусловна поддршка за Александар Чеферин

На регионален состанок во Тирана, асоцијациите од Југоисточна Европа дискутираа за различни прашања и предизвици. Безусл...

Календар
А репрезентација