Репрезентација до 18 години: Два контролни натревари со Црна Гора, следува и турнир во Летонија

Објавено на 28 Февруари, 2017 во Вести, До 19 год


Македонската репрезентација до 18 години ќе одигра два контролни натпревари против Црна Гора на домашен терен, а кон крајот на месецот селекцијата предводена од Вујадин Станојковиќ оди на турнеја во Летонија. На списокот на селекторот Вујадин Станојковиќ за двате подготвителни средби со Црна Гора и за турнирот што ќе го одиграме во Летонија ги повика следните фудбалери:

Голмани: Стефковски (ФК Скопје)и Иљази Артан (ФК Милано); Одбрана: Фаќиќ Мариса (ФК Работнички),Маневски Михаил, (Академија Пандев), Тодоровски Тодор (ФК Вардар), Ристовски Кирил (ФК Работнички), Кировски Андреј (ФК Сесвете) и Митров Антонио (ФК Црвена Звезда); Среден ред: Стојчевски Филип (ФК Вардар), Деловски Христијан (ФК Академија Пандев), Митровски Димитар (ФК Спортинг), Елмас Ељиф (ФК Работнички), Феруковски Марко (ФЦ Офенбах Кикерс), Маневски Бане (ФК Локомотив), Фазлагиќ Енес (ФК Шкендија), Зејундали Арбен (ФК Шкендија); Напад: Трпановски (ФК Академија Пандев), Станковски Марио (ФК Работнички) и Колаковски Бојан (ФК Вардар)

Првата станица во овој подготвителен период се контролните средби со Црна Гора. Првиот натпревар е закажан следниот вторник со почеток во 15:00, а втората средба се игра два дена подоцна во 11:00 часот. Натреварите ќе се играат на терените во комплексот „Петар Милошевски“. Кон крајот на месецот репрезентацијата оди на турнир во Летонија. Покрај домашната селекција учество ќе земаат уште квалитетните репрезентации на Норвешка и Украина.

Почнуваме со квалификациските подготовки. Веруваме во сопствениот квалитет и се надеваме на успех. Настапот на квалифиакците во Скопје би требало да биде круна на нашата 3.5 годишна дружба. Имаме силна група во која се Белгија, Швајцарија и Линхенштајн. Нашиот технички тим работи на набавка на видео материјал и во овие 7-8 месеци ќе работиме на подигнување на формата преку големиот број на дуели од пријтелски карактер“, изјави селекторот Вујадин Станојковиќ.



   
   
А репрезентација