Објавено на 19 Септември, 2015 во Вести, До 17 год
Селекторот на нашите млади фудбалери, Вујадин Станојковиќ за двете пресметки кои ќе се одиграат на трнинг центарот на Унгарската фудбалска федерација прати повик до следните фудбалери:
ГОЛМАНИ: Стевковски Христијан (ФК Скопје), Иванов Благојче (ФК Металург);
Одбрана: Кировски Андреј (ФК Динамо Загреб), Митрев Антонио (ФК Металург), Тодороски Тодор (ФК Металург), Факиќ Мерис (ФК Работнички), Трајков Васко (ФК Академија Пандев);
СРЕДЕН РЕД: Фазлагиќ Енис (ФК Шкендија ), Стојчевски Филип (ФК Металург), Митровски Димитар (ФК Магдебург), Делевски Христијан (ФК Академија Пандев), Елмаз Ељиф (ФК Работнички), Ферукоски Марко (ФК Офенбах Кикерс), Атанасов Јани (ФК Академија Пандев), Јовановски Филип (ФК Металург);
НАПАД: Ласков Борче (ФК Работнички), Трапановски Кристијан (ФК Академија Пандев), Здравевски Бобан (ФК Пелистер);
-Двата натпревари за нас претставуваат еден вид генерална проба спроти Уефа квалификацискиот турнир за репрезентации до 17 години кои ќе се одржи во Бургас од 21. до 21. октомври. Унгарија е многу квалитетна репрезентација, ќе биде вистински тест за нашите можности. Очекувам дека квалитено ќе се спротивставиме, играта мора да биде на високо ниво доколку сакаме да се надеваме на позитивни резултати на многу поважните квалификациски дуели против Италија, Шкотска и Бугарија, изјави селекторот на репрезентацијата до 17 години, Вујадин Станојковиќ.
Првиот натпревар Унгарија – Македонија се игра на 22. септември од 17.00 часот, два дена подоцна пресметката е закажана од 11.00 часот.