Репрезентација до 15 години: Македонија со 2:1 славеше против големиот фаворит Турција

Објавено на 15 Март, 2016 во Вести, До 17 год


Репрезентацијата на Македонија до 15 година со 2:1 ја совлада селекцијата на Турција до 15 години на првиот контролен натпревар меѓу двете селекции одигран на тренинг центарот „Петар Милошевски“.

Нашиот репрезентативен тим одигра одличен натпревар и сосема заслужено се радуваше на триумф против фаворизираниот противник.

Давид Тошевски со погодок во 36. минута го отвори резултатот. По нафрлување од Мишко Арсовски, нашиот млад напаѓач со глава ја погоди мрежата на гостинскиот голман. Во првите 40. минути, Македонија не искористи уште две одлични можности за погодок преку Агон Елези и Тошевски.

Во воведната минута од вториот дел Бесир Бафтијар постигна гол за удвојување на предноста. Противникот првата сериозна шанса за гол ја создаде во 58. минута, но не ја искористи Абдулкадир. Сепак, преку Сулејман во 66. минута, Турција го постигна погодокот за 2:1.

РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ДО 15 ГОДИНИ: МАКЕДОНИЈА – ТУРЦИЈА 2:1 (1:0)

Пријателски натпревар, тренинг центар „Петар Милошевски“

Стрелци: 1:0 – Давид Тошевски (36`), 2:0 – Бесир Бафтијар (41`), 2:1 - Лус Сулејман (66`)

Македонија: Матеј Андов, Божидар Митревски, Мишко Арсовски, Баки Исмаили, Борис Јакимовски, Амар Колашинац (Никола Секулов), Бесир Бафтијар (Димитар Тодоровски), Лука Здравковски (Емил Скоко), Давид Тошевски (Едис Спахиу), Агон Елези, Алили Селам (Сујхеб Мухарем); Селектор: Дашмир Беари.

Вториот пријателски натпревар Македонија и Турција го играат в четврток во 15.00 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“.



   
   
А репрезентација