Промена на термин на одигрување на првенствен натпревар од 21 коло од Прва МФЛ

Објавено на 04 Март, 2016 во Прва МФЛ, Вести


Ве известуваме дека поради безбедносна препорака од Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, се врши промена на терминот за одигрување првенствен натпревар од 21. коло од Прва МФЛ помеѓу екипите на Шкендија и Младост. Натпреварот ќе се одигра на 07.03.2016. понеделник, на стадионот Чаир во Скопје. Почетокот на натпреварот останува ист, 14.00 часот.



   
   
А репрезентација