Проект "Фудбал во училиштата" континуирано продолжува со спортските активности за дечиња

Објавено на 21 Март, 2022 во Вести, Детски лиги

Фудбалската Федерација на Македонија во соработка со ФУСМ (Федерација на училишен спорт во Македонија), реализира проект за училишен фудбал низ повеќе основни училишта низ Македонија.

Минатата недела беа одржани повеќе активности за дечиња во неколку региони во Македонија.

Спортската активност на учениците вклучуваше трчање, вежби за координација и тренинг со топка. Атмосферата беше одлична, сите дечиња беа весели и уживаа во спортската активност заедно со своите професори.

Дечињата заедно со своите наставници по физичко образование одработија одличени тренинзи, а на крајот одиграа и еден фудбалски натпревар меѓусебно.

Фудбалската Федерација на Македонија ќе продолжи континуирано преку проектот „Фудбал во училиштата" да помага и да им дава поддршка на најмалите во остварување на нивните сонови и унапредување на своите знаења и вештини.

Ученичките од 4/5-то одделение од ООУ Климент Охридски oд Македонски Брод под менторство на наставникот по ФЗО Јовица Блажески

Ученичките од 4/5-то одделение при ООУ„Браќа Миладиновци“ општина Илинден – Скопје,  тренингот го реализираа заедно со своите наставници по ФЗО Дејан Димитријевиќ и Влатко Најдовски.

Група ученици од 4а и 4б одд. при ООУ„Страшо Пинџур“, општина Ѓорче Петров - Скопје, реализираа активности заедно со своите одделенски раководители Ирена Симјановска, Боркица С. Настовска и наставникот по ФЗО Сашо Војнески.

Девојчиња од 4 и 5 одд. од ООУ"Никола Карев"-Кочани под менторство на проф.Оливер Јовановски и ЖФК "Кочани "-Кочани

Во проектот „Фудбал во Училишта” може да учествуваат сите дечиња кои имаат желба да тренираат фудбал но немаат соодветни услови.



   
   
Актуелности

27.03.2024    А репрезентација - Вести

„Анталија Куп 2024

Младата репрезентација на Македонија до 18 години одигра нов добар натпревар и ја забележа втората победа во рамките на ...

Календар
А репрезентација