Презентација на опрема на ЈАКО за клубски фудбал

Објавено на 09 Јули, 2014 во Вести

ЈАКО е една од најпознатите германски компании за спортска опрема. Повеке од 20 години со посебна страст се труди да ги исполни желбите на многу спортисти.

Флексибилноста, квалитетот и иновацијата се вредностите на ЈАКО во изминатите години. Застапени се во преку 40 земји со своите високо застапени производи кои се одликуваат со квалитетен дизајн и се тоа по разумна цена.  ЈАКО е официјален добавувач на повеќе професионални спортски клубови ширум светот.

Денескa претставниците на ЈАКО имаа презентација на производите кои ги користат спортските екипи пред македонските прволигаши, ги запознаа со профилот на компанијата, квалитетот и начинот на производството и новата опрема за сезона 2014/15 година.

Претставниците на ЈАКО им ги претставија и условите за користење на опремата и поволностите кои ќе ги добијат доколку се одлучат да склучат договор со германската компанија.





   
   
Актуелности

14.05.2025    Вести

Љуботен го освои трофејот во Купот на Македонија за жени

Фудбалерките на Љуботен третпат во низа го освоија трофејот во Купот на Македонија. Во денешното финале, Љуботен славеше...

Календар
А репрезентација