Прес на Ангеловски и Ристовски пред мечот со Полска

Објавено на 12 Октомври, 2019 во Вести, Вести


Селекторот на македонската А репрезентација Игор Ангеловски и десниот бек Стефан Ристовски на официјалниот прес ги изнесоа очекувањата за утрешниот натпревар против Полска во квалификациите за ЕУРО 2020. 

Добро се знае со какви проблеми се соочувавме и пред Словенија. Во овој момент не можам да кажам ништо дефинитивно на кого ќе можам да сметам во моментов, туку најпрво морам да се консултирам со лекарскиот тим.

“Не е важно против кого играме, туку за што играме. Ние играме за нешто големо, и не може никој тоа да ни го одземе. Респект за Полска, но ние ќе го дадеме максимумот, а дали тоа ќе биде доволно за нешто, ќе видиме.

“Можам да кажам дека уживам во моментов со овие момци кои го даваат максимумот на секој меч. Еве Стефан е до мене, знаеме во каква ситуација здравствена беше па одигра херојски со Слвоенија. Така беше и со Пандев во Израел, така беше и со Адеми. Сигурен сум дека тие што ќе настапат, ќе дадат максимум.

“Левандовски е најопасниот играч на Полска, ме импресионираше уште кога играше за Борусија. Но мене ме импресионираат и моите фудбалери и она што тие го покажуваат во моментов”, изјави селекторот Игор Ангеловски. 

Долго време бев повреден и навистина не знаев како моето тело ќе реагира. Но кога видов дека во Скопје не чека таква атмосфера и дека 20 илјади публика имаше на трибините, оставив на страна се. 

“Македонија е тука каде што е. Свесно или несвесно се доведовме во една ваква ситуација. Полска има сериозен кадар, но не видов искрено дека квалитативно се којнае колку разлика од нас. На овој прекрасен стадион ќе одиграат добро, ќе одиграме и ние. Свесни сме, но можеби и не сме за ситуацијата дека се бориме за ЕП. 

Мораме да влеземе со ладни глави и психичски сме каде што треба да бидеме. Зошто утре да не биде уште еден историски натпревар за нас? Уште подобро ќе се чувствуваме играјќи пред толку публика. Ако сакаме на Европско првенство, мора да се навикнеме на ваква атмосфера, мора таа да е секјдневие, како што се подготвува да биде тука во Варшавa”, рече Стефан Ристовски.

Иван Тричковски заедно со Аријан Адеми се под знак прашалник за настап во утрешниот натпревар, откако првиот се пожали на повреда на задната ложа, а вториот доби тежок удар на натпреварот со Словенија. 

Натпреварот Полска-Македонија се игра во недела во Варшава со почеток од 20:45 часот. 




   
   
А репрезентација