Прес - конференција на Македонија Ѓ.П и Академија Пандев спроти утрешното финале од Купот на Македонија

Објавено на 21 Мај, 2019 во Куп на Македонија, Вести


Утре на Националната арена „Тодор Проески“, Македонија Ѓ.П. и Академија Пандев ќе го одиграат 27. финале од Купот на Македонија. На официјалната прес - конференција двајцата тренери, Александар Таневски (Македонија Ѓ.П.) и Југослав Тренчовски (Академија Пандев) и фудбалерите, Остоја Стјепановиќ и Сашко Пандев ги споделија своите очекувања во пресрет на финалето.

Александар ТАНЕВСКИ - Македонија Ѓ.П.

„Се работи за два тима што имаат обезбедено по нешто во првенството, ние опстанокот, Академија Пандев настап во Европа. Предност е што и двете екипи играат отворен фудбал. Го посакуваме трофејот, затоа што и за двете страни ќе биде добра шанса да освои трофеј. Како деца од Ѓорче, дојде нашето време да го вратиме пехарот во нашите витрини. Околу притисокот, моите фудбалери се подготвени на се. Докажаа наназад во првенството дека се работи за квалитетен тим. Ги добивме сите важни натпревари што ни беа потребни. Искуството е на наша страна, имаме играчи со четири до пет финалиња. Мислам дека на вакви натпревари се заборава притисокот и заморот. Академија Пандев игра допадлив фудбал. Можеби ќе треба да бидеме претпазливи, но нема да го менуваме стилот. Мислам дека тоа ќе ни донесе успех.“

Југослав ТРЕНЧОВСКИ - Академија Пандев

„Финалето од Купот на Македонија за нас е некој нов предизвик. Ние сме понеискусна екипа, меѓутоа имаме квалитетни фудбалери и играчи со потенцијал. Македонија Ѓ.П. заслужува целосен респект, се работи за тим кој игра отворен и допадлив фудбал. Задоволство ни е третото место во шампионатот, но уште поголем успех ќе биде пехар во Купот на Македонија. Ќе дадеме се од себе, подготвени сме за натпреварот и се надевам дека ќе победи фудбалот. Струмица е фудбалски град, многу фудбалери поминале низ неа, а ова е прво, исторско финале за Струмица, што ние сме посебно горди. Потајно имаме притисок, затоа што сакаме заедно да ја однесеме првата Куп-титула во Струмица, но не смееме да заборавиме дека Македонија Ѓ.П. елиминира фудбалски брендови и во составот има фудбалери како Остоја Стјепановиќ, Кировски, Божиновски и останатите кои имаат искуство и квалитет“.

Остоја СТЈЕПАНОВИЌ - Македонија Ѓ.П.

„Се работи за еден натпревар и се е отворено. Македонија Ѓ.П. има освоено еден трофеј во својата историја. Ова е прво финале на Академија Пандев. Ние силно го посакуваме трофејот, ќе влеземе максимално мотивирано, затоа што не делат 90, или пак, 120 минути до трофеј. За некои играчи можеби прв трофеј, но за нас е многу повеќе од тоа, затоа што носи и излез во Европа. Академија Пандев заслужува честитки за фудбалот оваа сезона. Но и ние „старите“ не сме за фрлање. Ќе се обидеме да покажеме дека останало нешто во нас. Се надевам дека младоста нема да не надвладее.“

Сашко ПАНДЕВ - Академија Пандев

„Ни следи еден тежок и неизвесен натпревар. Играме против екипа која знае што сака. Македонија Ѓ.П. избори опстанок, сега ќе се бори за Европа. Ние имаме квалификации за Лига Европа, трето место сме, но не чека тим кој сигурно нема да биде лесно да се победи. Според мене, Куп финалето ќе го одлучат нијанси“




   
   
Актуелности

10.09.2019    Вести

Македонската репрезентација до 21 година со убедлива победа против Фарски Острови ги отвори квалификациите за ЕП 2021

Селекцијата на Благоја Милевски славеше со 7:1, хет - трик на Димитар Митровски....

Календар

01 Окт

11:00 Романија - Словачка
    Жени У19 квалификации за Европско
15:30 Франција - Македонија
    Жени У19 квалификации за Европско

02 Окт

15:00 Македонија - Казахстан
    Женска А репрезентација квалификации за Европско

04 Окт

11:00 Франција - Романија
    Жени У19 квалификации за Европско
15:30 Словачка - Македонија
    Жени У19 квалификации за Европско

05 Окт

15:00 Македонија - Србија
    Женска А репрезентација квалификации за Европско

07 Окт

11:00 Словачка - Франција
    Жени У19 квалификации за Европско
15:00 Македонија - Романија
    Жени У19 квалификации за Европско
17:00 Црна Гора - Македонија
    У21 квалификации за Европско
20:45 Македонија - Словенија
    А репрезентација квалификации за Европско
А репрезентација