Победа над Словачка на вториот натпревар од турнирот во Чешка

Објавено на 22 Август, 2019 во До 19 год


Македонската репрезентација до 18 години на денешниот втор натпревар од турнирот во Чешка ја совлада селекцијата на Словачка со 3-2.

Во интересен натпревар со многу голови и пресврти резултатот го отвори Словачка која преку Томаш Риго уште во 5та минута поведе со 1-0. Но, пресврт следеше веќе во првото полувреме кога Фета изедначи во 25та минута, а Станковски 4 минути подоцна погоди од белата точка за водство од 2-1. 

Во второто полувреме, Словачка изедначи на 2-2, но нашите репрезентативци преку Илиевски го поставија конечниот резултат во 82 минута, и тоа со играч помалку по исклучувањето на Максимов.

 Сакам да им честитам на фидбалерите за победата. Покажаа карактер по вчерашниот несреќен пораз. Одиграа храбро, пожртвувано и заслужено победија на овој натпревар. Оваа екипа има потенцијал, кој допрва ќе дојде до израз. - изјави селекторот Шкумбин Арслани по денешната победа.


За македонската репрезентација настапија: Иван Николоски, Бенјамин Далипи, Алтрим Јакупи, Имран Фетаи, Александар Ѓуркоски, Димитар Тодоровски, Љавдрим Љатифи (Иван Николов), Лука Станковски (Хамза Рамани), Бехар Фета (Виктор Крстевски), Методи Максимов, Азер Омерагиќ (Марио Илиевски).

По фазата по групи, македонската репрезентација е втора, зад Украина. Во мечот за третото место кој ќе се одигра на 24. август во 11.00 часот ќе се сретнеме со второпласираните од другата група - Унгарија. Во истото време Словачка и Летонија ќе ги одмерат силите за 5то место, додека финалето за освојувач на турнирот ќе се одигра во 16.00 часот меѓу домаќинот Чешка и Украина.



   
   
Актуелности

10.09.2019    Вести

Македонската репрезентација до 21 година со убедлива победа против Фарски Острови ги отвори квалификациите за ЕП 2021

Селекцијата на Благоја Милевски славеше со 7:1, хет - трик на Димитар Митровски....

Календар

01 Окт

11:00 Романија - Словачка
    Жени У19 квалификации за Европско
15:30 Франција - Македонија
    Жени У19 квалификации за Европско

02 Окт

15:00 Македонија - Казахстан
    Женска А репрезентација квалификации за Европско

04 Окт

11:00 Франција - Романија
    Жени У19 квалификации за Европско
15:30 Словачка - Македонија
    Жени У19 квалификации за Европско

05 Окт

15:00 Македонија - Србија
    Женска А репрезентација квалификации за Европско

07 Окт

11:00 Словачка - Франција
    Жени У19 квалификации за Европско
15:00 Македонија - Романија
    Жени У19 квалификации за Европско
17:00 Црна Гора - Македонија
    У21 квалификации за Европско
20:45 Македонија - Словенија
    А репрезентација квалификации за Европско
А репрезентација