Објавено на 22 Мај, 2025 во Вести
Фудбалерите на А.П. Брера го освоија трофејот во финалето од Купот на Македонија за пионери победувајќи го тимот на Пелистер со минимален резултат 1:0.
Херојот во таборот на струмичани беше Матеј Сејменов, кој во 48. минута од средбата се најде на вистинско место, стрелајќи прецизно за предност, а на крај и победа на А..П. Брера со 1:0.
Двете екипи одиграа доста борбен натпревар, со голема пожртвуваност и желба за победа. На крајот еден гол беше одлучувачки за конечниот исход на средбата.
ФИНАЛЕ Куп на Македонија за пионери;
Пелистер - А.П. Брера 0:1 (0:0)
Пелистер: Марко Ангеловски, Леон Елмазовски, Христијан Плушковски, Осман Хасановиќ, Петар Ристевски, Мартин Талевски, Давид Ангелевски, Енвер Фејзулаи, Алек Сиваков, Даниел Матевски, Јован Мрмачовски;
Тренер: Горан Ганчев;
A.П. Брера: Александар Трајков, Мартин Стоиловски, Андреј Димовски, Албан Рочи, Матеј Сејменов, Иван Танчев, Мартин Ѓорѓиев, Ристе Милев, Габриел Талески, Лука Варошаноски, Бојан Велков;
Тренер:Мартин Алаѓозовски;