Октомври месец на репрезентативен фудбал! Билетите во продажба од понеделник, 26.09.2016

Објавено на 22 Септември, 2016 во Билети, Вести, Вести, До 21 год

Националната Арена Филип Втори ќе биде домаќин на октомвриските квалификациски натпревари на А репрезентацијата и репрезентацијата до 21 година.

Историскиот натпревар на репрезентацијата до 21 година за пласман на европското првенство, против Шкотска ќе се одигра на 11. октомври со почеток во 18.45 ч. на Националната Арена. Билетите по цена од 50 и 100 денари ќе бидат пуштени во продажба во понеделник, на 26.09.2016 г.

Првите два домашни натпревари од квалификациите за светското првенство во Русија ќе се одиргаат со Израел на 06.10.2016 г. и со Италија на 09.10.2016 г. на Националната Арена Филип Втори со почеток од 20.45 ч.

Блок билетите за натпреварите ќе бидат пуштени во продажба во понеделник, 26.09.2016 година по цена од 250 и 500 денари.

Важна напомена: Блок билетот ќе важи за двата натпревари и ќе мора да се чува неоштетен за да може да се пристапи на двата натпревари.

Билетите ќе можат да се купат во продажната мрежа на МК Тикетс, на следните продажни места:

Скопје:

Нептун Стадион

Нептун Сити Мол,

Нептун до Mr. Bricoladge

Југотон ГТЦ 1 кат

Универзална Сала - Скопје

Тобако - МПМ ПРЕС

Тобако  Гоги - Драчево 

Тобако Дрводекор

Тобако 2 – Скопјанка

ФФМ пулт во Скопје Сити Мол

Низ Македонија,:

Салоните на Нептун во: Велес, Куманово, Гостивар, Охрид, Струга, Гевгелија, Струмица, Кавадарци, Штип, Кочани.

Њу Тобако - Охрид

Online: www.mktickets.mk и www.karti.com.mk

Ги повикуваме сите љубители на фудбалот на Националната Арена, на 6ти, 9ти и 11ти октомври да им дадат поддршка на репрезентативците!

Вратите на стадионот ќе бидат отворени 2 часа пред натпреварите, за да можеме да ви овозможиме доволно време за да го најдете своето место, и да можат да се избегнат евентуални непријатности и гужва пред самиот почеток на натпреварот.

На стадионот е забрането внесување тврди предмети, шишиња, оружје, пиротехнички средства, ласери, или транспаренти кои предизвикуваат расна, верска или национална омраза.

Да ги поддржиме нашите репрезентативци со спортско навивање!

Нека нѐ обедини радоста што ја носи фудбалот.




   
   
Актуелности

16.04.2024    Вести

ФФМ и федерациите од регионот со безусловна поддршка за Александар Чеферин

На регионален состанок во Тирана, асоцијациите од Југоисточна Европа дискутираа за различни прашања и предизвици. Безусл...

Календар
А репрезентација