Официјален тренинг на Македонија до 21 пред дуелот со Шведска

Објавено на 25 Март, 2024 во Вести, До 21 год


Македонската фудбалска репрезентација до 21 година денеска го одработи последниот официјален тренинг на националната арена „Тодор Проески" пред утрешниот дуел со Шведска во рамките на квалификациите за пласман на ЕП 2025 година.

Во претходното коло, избраниците на селекторот Драги Канатларовски, на домашен терен издвојуваа победа над селекцијата на Гибралтар со 1:0. Шведската селекција во пријателски натпревар славеше убедлива победа со 6:1 над Кипар.

За потсетување, во првото коло од овој квалификациски циклус, избраниците на селекторот Драги Канатларовски успеаа да го совладаат утрешниот противник на гостински терен.




   
   
А репрезентација