Одржан завршниот турнир од проектот „Фудбал во Училишта“

Објавено на 01 Јуни, 2018 во Вести, Детски лиги


Денес на терените на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје се одиграа завршните натпревари и беа прогласени победниците во првата сезона од проектот за училишен фудбал - „Фудбал сега, фудбал насекаде“. Присуство на 350 дечиња од 2-ро до 5-то одделение, нивните наставници, многу натпревари и уште повеќе постигнати голови, а пред се многу дружење и забава помеѓу учесниците.

По одигрувањето на завршните натпревари ги добивме и најуспешните во двете категории вклучени во првата фаза на проектот.

Категорија 2-ро / 3-то одделение:

Категорија 4-то / 5-то одделение:

ФФМ упатува искрена благодарност и честитки до сите вклучени во првата фаза од проектот, а пред се до петте илјади дечиња учесници од кои најголем дел за прв пат  имаа можност да се запознаат со убавините на фудбалската игра. Придонесот и искрената посветеност на сите вклучени ни дава уште поголем мотив за уште подобар пристап во следната фаза од проектот која се очекува да стартува во септември 2018. година.





   
   
Актуелности

27.03.2024    А репрезентација - Вести

„Анталија Куп 2024

Младата репрезентација на Македонија до 18 години одигра нов добар натпревар и ја забележа втората победа во рамките на ...

Календар
А репрезентација