ОДЛУКИ ОД СЕДНИЦАТА НА ДИСЦИПЛИНСКАТА КОМИСИЈА ОДРЖАНА НА 05.04.2016 Г.

Објавено на 06 Април, 2016 во Одлуки


Дисциплинската комисија на ФФМ на седницата одржана на ден 05.04.2016 година ги донесе следните:

О Д Л У К А

1.  На фудбалерот на ФК Победа од Прилеп ,Јовановски Ѓорѓи  со ИД број 105190 му се изрекува суспензија во траење од 1(еден) месец.

2.  Суспензијата  почнува да тече по истекот на 48 часа од приемот на одлуката во клубот на еден од предвидените начини во член 140 ст.1 од ДП на ФФМ.

3.  Против фудбалерот Јовановски Ѓорѓи  со ИД број 105190 се покренува дисциплинска постапка поради физички напад на гледач.

4.  Фудбалерот Јовановски Ѓорѓи, овластените лица на клубовите ФК Победа од Прилеп и ФК Македонија ЃП 1932 АД како и службените лица на натпреварот да достават изјави во врска со настанот во рок од 3(три) дена од приемот на оваа одлука.

5.  Одлуката да се објави во службеното гласило на ФФМ – Макфудбал

О Д Л У К А

1.  КФГ Гостивар АД Гостивар СЕ КАЗНУВА со парична казна во висина од 500 (петстотини) Евра, во денарска противвредност на денот на уплатата. 

2.  СЕ ЗАДОЛЖУВА КФГ Гостивар АД Гостивар, по правосилност на оваа одлука да изврши уплата на паричната казна од став 1, на жиро сметка на ФФМ 200002504222317 Стопанска Банка АД Скопје.

3.  Казната тече од 05.04.2016 година.

О Д Л У К А

1.  На Александар Темелков со ИД бр. 101027, фудбалер на ФК Брегалница 2008 Штип  МУ СЕ ИЗРЕКУВА дисциплинска мерка – забрана на играње на 3 (три) првенствени/куп натпревари.

2.  Дисциплинската мерка тече од 04.04.2016.

О Д Л У К А

  1. На Сашо Ѓоревскисо ИД бр. 105215, фудбалер на ФК Младост Царев Двор  МУ СЕ ИЗРЕКУВА дисциплинска мерка – забрана на играње на 3 (три) првенствени/куп натпревари.
  2. Дисциплинската мерка тече од 04.04.2016.

О Д Л У К А

  1. На Јанакиевски Иво со ИД 100653, фудбалер на ФК Љубанци 1974 Скопје МУ СЕ ИЗРЕКУВА дисциплинска мерка – забрана на играње на 1 (еден) првенствен /куп натпревар.
  2. Дисциплинската мерка тече од 03.04.2016.
  3. Одлуката да се објави во МАКФУДБАЛ.

О Д Л У К А

  1. На Беџети Лирис со ИД 101247, фудбалер на  КФГ ГОСТИВАР Гостивар  МУ СЕ ИЗРЕКУВА дисциплинска мерка – забрана на играње на 3 (три) првенствени/куп натпревари.
  2. Дисциплинската мерка тече од 03.04.2016.

О Д Л У К А

  1. На Цветковски Мајкл со ИД 109263, фудбалер на ФК Пелистер Битола  МУ СЕ ИЗРЕКУВА дисциплинска мерка – забрана на играње на 2 (два) првенствени /куп натпревар.
  2. Дисциплинската мерка тече од 03.04.2016.

О Д Л У К А

  1. На Алексовски Ѓоко со ИД 102629, фудбалер на ФК Скопје Скопје МУ СЕ ИЗРЕКУВА дисциплинска мерка – забрана на играње на 1 (еден) првенствен /куп натпревар.
  2. Дисциплинската мерка тече од 03.04.2016.

О Д Л У К А

1.  На судијата Кире Ангеловски,му се изрекува дисциплинска мерка – забрана на судење во време од шест месеци и парична казна во висина од 100 (сто) Евра во денарска противвредност на денот на уплатата. 

2.  СЕ ЗАДОЛЖУВА судијата Кире Ангеловски, по правосилност на оваа одлука да изврши уплата на паричната казна од став 1, на жиро сметка на ФФМ 200002504222317 Стопанска Банка АД Скопје.

3.   Времето минато под суспензија е вклучено во казната изречена во став 1 од оваа одлука.

4.  Казната тече од 21.03.2016.

О Д Л У К А

1.  На Лазар Штерјов, Претседател на ФК Кожув Гевгелија, му се изрекува дисциплинска мерка – забрана за вршење функција во траење од 1 (еден) месец.

2.   Казната тече од 05.04.2016 година.

3.  Одлуката да се објави во МАКФУДБАЛ.

О Д Л У К А

1.  На Васил Штерјов, Претседател на ФК Кожув Гевгелија, му се изрекува дисциплинска мерка – забрана на вршење на функција во траење од  1 (еден) месец.

2.  Казната тече од 05.04.2016 година.

О Д Л У К А

1.  На Митко Димитров, Комесар за безбедност на ФК Кожув Гевгелија, му се изрекува дисциплинска мерка -  Забрана за вршење на функција од 4 (четири) месеци.

2.  Казната тече од 05.04.2016 година.




   
   
А репрезентација