Одиграни првите бараж натпревари за пополнување на првата и втората Македонска Фудбалска Лига

Објавено на 03 Јуни, 2015 во Прва МФЛ, Втора МФЛ, Вести

На 3ти јуни, 2015 со почеток во 16:00 часот беа одиграни три натпревари за пополнување на Втората Македонска Фудбалска Лига и еден натпревар за пополнување на Првата Македонска Фудбалска Лига.

Фудбалските клубови Хоризонт Турново и Гостивар одиграа нерешено со резултат 1:1 во првиот натпревар од баражот за влез во Прва лига на градскиот стадион во Пробиштип во натпреварот од првата рунда во баражот кој води во Првата македонска фудбалска лига.

Драган Ѓоргиев во 22` го постигна голот за водство на екипата од Турново. Фудбалерите на Хоризонт Турново беа подобар противник во полувремето, своја шанса не искористија и преку стрелецот на водечкиот гол, Драган Ѓоргиев. Најдобрата прилика за израмнување на резултатот кај екипата на Гостивар ја  пропушти Милан Ристовски. Во продолжението први се заканија фудбалерите на Гостивар, нова одлична можност не искористи Милан Ристовски. Во шанса која не ја искористи се најде и Мујдин Неби. Одличната игра во вториот дел  Гостивар ја круниса со израмнувачки погодок. Стрелец на голот беше Елвир Нуриши во 50`. До крајот на средбата, Хоризонт Турново ја презема иницијативата, имаше неколку обиди за постигнување гол, но безуспешно.

ХОРИЗОНТ ТУРНОВО - ГОСТИВАР 1:1 (1:0) 

(1:0 Драган Ѓоргиев 22` 1:1 Елвир Нуриши 55`)                                                                            

ХОРИЗОНТ ТУРНОВО: Захов, Ташев, Илиев, Танушев, Мавров, Кочоски, Ѓоргиев (Стоилов), Марков (Божинов), Иванов, Милушев, Најденов

ГОСТИВАР: Нухи, Беџети, Рамадани, Савевски, Блажевски, Таири (Адеми), Белули, Ристовски, Нуриши (Абази), Неби, Мифтари (Талески)

Во жешкото фудбалско попладне во Штип, екипата на Еуромилк обезбеди предност од 1 - 4 (1-2) над Зајази пред реваншот во недела. Во натпревар со многу прекини, Еуромилк го отвори натпреварот со голот на Ален Јашароски уште во 7та минута. Зајази изедначи преку голот на Исмаил Исмаили во 20та минута, а првото полувреме резултатски го постави Јашароски од пенал  во 38 минута по досудената игра со рака од страна на Имери.

Во второто полувреме по вториот жолт картон беше исклучен Небиу од Зајази, а Еуромилк ја искористија предноста од играч повеќе и обезбедија убедлива предност со головите на Јовановски (80’) и Јашароски (85’).

ФК ЗАЈАЗИ - ФК ЕУРОМИЛК ГЛ 1:4 (1:2)

ФК Зајази: Маревци, Хашими, Мусаи, Рамадани, Аљиљи, Имери, Мустафоски, Идризи, Исмаили (Таири), Душку (Небиу), Џемаили (Ахмети).

ФК Еуромилк ГЛ АД: Маџароски, Ристов, Цветановски, Љамалари, Мојсовски (Керим), Брњарчевски, Јовановски, Јашароски, Чичевски, Аксентиев, Бошески (Пандовски, Василевски).


Убава предност на фудбалерите на Љубанци пред реванш натпреварот во Недела. Тие на првиот бараж наттпревар за пополнување на Втората Лига славеа убедлива победа од  4 - 1 (1-0) со екипата на Велешта..

Како резултат на теренската иницијатива на екипата Љубанци и акумулираното искувство на  Бобан Јанчевски (стрелецот на три  гола во 33 , 48 и 60), како и голот на Лазаревски во 57 мин .тие дојдоа на чекор до остварување на нивната цел.

Победата можеше да биде уште поубедлива доколку беа реализирани уште неколку шанси преку најдобриот поединец во првиот дел Колаќевски Филип на двапати. Велешта во 64 минута преку Исаку само ја намали убедливата предност на противникот.

ФК ЉУБАНЦИ - ФК ВЕЛЕШТА 4:1 (1:0)

ФК Љубанци: Божиновски, Насевски, Игнатов, Блажев, Шишков, Колаќевски, Аргировски, Галовиќ, Јанчевски, Жепчески (Лазаревски), Тасески (Божинов).

ФК.Велешта: Сула. Насуфи, Исаку, Андруши, Хани Ватон, Жута, Шеји Семет, Хани Фртам, Чолески, Лаброски, Луфи.

На стадионот во Ѓорче Петров, Победа издвојува убедлива победа врз Беласица со 4:1(1:0). Мегленски Тони во 32 минута го постигна водечкиот погодок за Победа со гол од пенал. Петков Васил го изедначи резултатот со 1:1 во 62 минута исто така со гол од пенал. Во последните минути од натпреварот Победа направи пресврт и постигна 3 гола. Здравевски Дејан беше стрелец на 2 гола за Победа, еден во 85. минута и уште еден во 90 минута. При крајот на натпреварот, Аломеровиќ Кемал имаше уште еден погодок за Победа во 93 минута и оствари водство со 4:1.

ПОБЕДА: 1. Јованоски Ѓорѓи  2. Мегленски Тони  3. Вељаноски Виктор  4. Аломеровиќ Кемал  5. Мирчески Игор  6. Карчески Даниел  7. Мирчески Филип  8. Чешелковски Александар (Ацески Нове)  9. Митревски Владимир  10. Шаркоски Николче (Николов Горан)  11. Колевски Валентин (Здравески Дејан)

БЕЛАСИЦА:  1. Истатов Стефан  2. Чачев Кочо  3. Грбачлиев Лазе  4. Костовски Миле  5. Цонев Митко  6. Глигоров Бранко (Петров Ставре)  7. Петков Васил  8. Митевски Зоран  9. Костадинов Даниел (Ников Иван)  10. Коцев Никола (Мижоров Томе)  11. Донев Марио



Реванш натпреварите ќе бидат одиграни на истите стадиони во недела, на 07.06.2015 г. со почеток во 16:00 часот.



   
   
А репрезентација