О Д Л У К И СОСТАНОК ДИСЦИПЛИНСКА КОМИСИЈА 11.11.2015

Објавено на 12 Ноември, 2015 во Одлуки


Фудбалерот на Ф.К. “Младост“ од Царев Двор, Грозданоски Христијан,со ИД број 106532 исклучен во 45+2  минута поради недозволено спречување на противнички фудбалер во ситуација за постигнување на гол на натпреварот од 4 коло прва МФЛ (одложен натпревар): Ф.К.“ Младост “ –  Ф.К.“Работнички “ одигран на ден 04.11.2015 во 13,30 часот на стадионот “Билјанини извори“ во Охрид согласно  член 40 од  ДП на ФФМ, СЕ КАЗНУВА со забрана на настап на  2(два) првенствени – куп натпревари.

Казната тече од  05.11.2015 година.

Фудбалерот на Ф.К. “Хоризонт Турново“ од Турново, Стоилов Ѓорѓи ,со ИД број 101818 исклучен во 65  минута поради недозволен старт-втор жолт картон  на натпреварот од 14 коло прва МФЛ : Ф.К.“ Шкендија “ –  Ф.К.“Хоризонт Турново “ одигран на ден 08.11.2015 во 13,00 часот на Градскиот стадион во Кичево согласно  член 35од  ДП на ФФМ, СЕ КАЗНУВА со забрана на настап на 1 (еден) првенствени – куп натпревари.

Казната тече од  09.11.2015 година.

Ф.К.“Победа од  Прилеп се казнува со парична казна  од  500 (петстотини ) евра, врз основа на член  51 а во врска со член 36 и 38 од  Дисциплинскиот правилник на ФФМ, поради недолично однесување на навивачката група “Мајмуни“ на  натпреварот: Ф.К.“Еуромилк“–  Ф.К.“Победа“ –  одигран на ден 24.10.2015 во 13,30 часот на  стадионот во Велес.

Ф.К.“Победа од  Прилеп се казнува со дисциплинска мерка ОПОМЕНА, врз основа на член  36 и 29 а во врска со член 13 и 16 од  Дисциплинскиот правилник на ФФМ, поради недозволено влегување во терен на тројца гледачи без дозвола (поранешни фудбалери на ФК Победа во прекин на игра) а кои во моментов се активни фудбалери на ФК Металург од Скопје на натпреварот: Ф.К.“Тетекс“–  Ф.К.“Победа“ –  одигран на ден 31.10.2015 во 13,30 часот на  стадионот “Борис Трајковски“ во Скопје.

Ф.К.“Тетекс од  Тетово се казнува со дисциплинска мерка ОПОМЕНА, врз основа на член  36 и 29 а во врска со член 13 и 16 од  Дисциплинскиот правилник на ФФМ, поради недозволено влегување во терен на тројца гледачи без дозвола (поранешни фудбалери на ФК Победа во прекин на игра) а кои во моментов се активни фудбалери на ФК Металург од Скопје на натпреварот: Ф.К.“Тетекс“–  Ф.К.“Победа“ –  одигран на ден 31.10.2015 во 13,30 часот на  стадионот “Борис Трајковски“ во Скопје.




   
   
А репрезентација