Новески, Крстев, Георгиевски, Митревски...дел од кандидатите за УЕФА „А“ лиценца

Објавено на 11 Март, 2016 во Вести, Семинари


Во периодот од 10. до 16. март во Спортскиот центар „Истатов“ во Дојран се одржува третиот дел од курсот за УЕФА „А“ лиценца на кој кандидатите треба да го спроведат практичниот дел од испитот составен од анализа на противникот, подготовка на против игра и неделен микроциклус. Во групата која го следи курсот за УЕФА „А“ лиценца меѓудругите се и поранешните репрезентативци Николче Новески, Александар Митревски, Славчо Георгиевски, Филип Деспотовски Драган Начевски, Миле Крстев, како и Суад Зендели, Никола Карчев, Игор Стојанов фудбалери кои оставиле белег во македонскиот фудбал.





   
   
Актуелности

08.04.2024    Вести

Македонија до 14 години: Второ реми без голови против Турција

Неџат Шабани: Бевме подобар противник и заслуживме барам победа на еден од двата натпревари....

06.04.2024    Вести

Женската репрезентација до 19 години запиша нова победа

Селекцијата на Астрид Мерко славеше со 2:0 против Литванија....

Календар
А репрезентација