Новата генерација фудбалери до 21 година ги започна подготовките за Црна Гора

Објавено на 20 Март, 2017 во Вести, До 21 год


Новата генарација македонски фудбалери до 21 година ги започна подготовките за првиот контролен натпревар против Црна Гора кој го играме на 24. март во 14:00 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје. Селекторот на македонска репрезентација, Благоја Милевски, паралелно работи на два проекти. Од една страна подготвува нова генерација за пласман на Европското првенство во Италија за две години и се подготвува за историско учество на континенталните собири во Полска, во јуни годинава. На 28. март селекцијата на Милевски која обезбеди место на континенталниот шампионат ќе одигра контролен натпревар против Бугарија.

-Во текот на вчерашниот ден го одработивме првиот тренинг, Енур Тотре се жалеше на мала повреда по првенствениот натпревар со Брегалница, но се надевам дека ќе биде во ред и ќе конкурира за настап против Црна Гора. Доцна синоќа пристигнаа Алекса Амановиќ и Алекс Симовски, а тоа значи дека во полн состав ќе тренираме денеска. Повторно нагласувам дека ова е последна проверка за новите фудбалери во тимот, или оние кои не беа во можност да бидат дел од селективните кампови, да го потврдат својот квалитет и на сите да ни потврдат дека имаат потенцијал за место во репрезентацијата во идниот квалификациски циклус, изјави селекторот Благоја Милевски.




   
   
Актуелности

17.05.2017    Вести

Пелистер е освојувач на Купот на Македонија

Пелистер по пенали ја совлада Шкендија и по 16 години повторно го освои Купот на Македонија....

Календар
А репрезентација