На ждреб во Куќа на фудбалот одреден распоредот на натпревари за новата сезона во Прва МФЛ

Објавено на 27 Јули, 2020 во Прва МФЛ, Вести


Во „Куќа на фудбалот“ со извлекување беше одреден распоредот на натпревари за новата сезона од Прва МФЛ која треба да започне на 9. август. 

Воведното коло стартува со дерби пресметка на стадионот Чаир. Домашниот Шкупи го пречекува тимот на Шкендија. Повратникот во нашата најдобра конкуренција, екипата на Пелистер го пречекува составот на Академија Пандев, додека Вардар, новото првенство го започнува со домашен меч против велешки Борец. 

Двојки за 1 МФЛ, натпреварувачка сезона 2020/21, 1. коло:

Шкупи - Шкендија
Македонија Ѓ.П. - Работнички
Беласица - Силекс
Пелистер - Академија Пандев
Вардар - Борец
Ренова - Струга Трим Љум

Во продолжение, преземете го комплетниот распоред на натпревари за натпреварувачката сезона 2020/2021 во Прва МФЛ.

Распоред Прва МФЛ 202021.pdf 






   
   
А репрезентација