На градскиот стадион во Тетово започна реконструкцијата на подлогата

Објавено на 16 Април, 2015 во Вести

Денес започнаа градежните работи за реконструкција на градскиот стадион во Тетово.

Реконструкцијата започна со отстранување на постоечката подлога и систем за дренажа. Ќе следува поставување на нов современ систем за дренажа и нова тревна подлога, што воедно беше превземено како обврска на ФФМ при потпишувањето на договорот со општината. 

Во меѓувреме, општината Тетово ја заокружи постапката за изработка на физибилити студија за модернизација на стадионот и неговата инфраструктура, по што ќе се пристапи кон реконструкција на најмалку една трибина и сите службени простории.

Финалниот лик градскиот стадион во Тетово треба да го добие за 18 месеци, сметано од март, кога беше потпишан договорот помеѓу ФФМ и општина Тетово.



   
   
А репрезентација