Мундијалските квалификации ги отвораме против Романија на гостински терен

Објавено на 08 Декември, 2020 во Вести, Вести


Македонската А репрезентација против Романија на 25. март 2021 година ќе ги започне квалификациите за Светското првенство во Катар 2022. Денеска е објавен календарот за натпреварите од циклусот за пласман на мундијалот во Катар.

Отвораме на 25. март во Романија, а првиот домашен меч е против Лихтенштајн на 28. март од 20.45 часот. На 31 март гостуваме кај првиот фаворит во групата, репрезентацијата на Германија.

На 2. септември ја пречекуваме Ерменија, а  три дена подоцна гостуваме на Исланд, на 5.септември. Вториот циклус го завршуваме дома против Романија на 8.септември.

На 8. октомври гостуваме на Лихтенштајн, а на 11. октомври ја пречекуваме Германија од 20.45 часот. Завршните два ноемвриски мечеви на гости во Ерменија на 11. ноември и потоа дома со Исланд на 14.ноември.




   
   
А репрезентација