Младите женски репрезентации ги добија противниците за следните квалификации во 2023 година

Објавено на 07 Декември, 2022 во Вести, До 19 год жени, До 17 год жени


Младите женски селекции на Македонија до 17 и до 19 години ги дознаа противниците за следните квалификации што ќе се одиграат 2023 година.

Женската репрезентација на Македонија до 19 години се наоѓа во Б лигата и за противници ќе ги има Израел, Грузија и Гибралтар во рамките на групата 1. Квалификацискиот турнир ќе се одржи во Македонија во период од 3 до 11 април.

Женската репрезентација на Македонија до 17 години во А лигата ќе игра против Германија, Португалија и Унгарија во рамките на групата 3. Домаќин на квалификацискиот турнир е репрезентацијата на Португалија во периодот од 22 март до 30 март.



   
   
А репрезентација